23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПукање во Приштина од атомобил со македонски таблички: Едно лице е убиено

Пукање во Приштина од атомобил со македонски таблички: Едно лице е убиено

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Порталот „Индекс онлајн“, објави идентитет и фотографија од убиениот и пишува дека бил пронајден во автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија. Меѓутоа, засега нема официјална потврда на овие информации..
Вечерва во пукање во Приштина убиено е едно лице, објавија косовските медиуми.

<

Полицијата го потврди случајот наведувајќи дека околу 20 часот примиле пријава за пукањето кое се случило на улицата „Ц“ во Приштина.

„Полицијата излезе на местото на настанот и од првичните информации добиени од лекарите од Итната медицинска помош, потврдено е дека едно лице е без знаци на живот“,

вели портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, во изјава што ја пренесуваат повеќе медиуми во Косово.
Дел од порталите објави дека било пукано од калашников и оти во близина на местото на настанот е пронајдено запалено возило, но нема официјална потврда дека автомобилот е поврзан со убиството и пукањето.

Порталот „Индекс онлајн“ доцна вечерва објави и детали вклучително и индентитетот и фотографија од убиениот. Повикувајќи се на свои извори тие наведоа дека убиеното лице е со иницијали Б.Д., имал лажни документи кои ги користел и гласеле на име Блерим Шабани. „Индекс онлајн“ пишува дека неговото тело било пронајдено во неговиот автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија. Меѓутоа, засега нема потврда на овие информации.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...