2.7 C
Ohrid
петок, декември 8, 2023
ПочетнаМакедонијаОтворен Балкан функционира: Македонскиот ајвар на полиците во Србија

Отворен Балкан функционира: Македонскиот ајвар на полиците во Србија

Министрите за земјоделство на Србија, Северна Македонија и Албанија, членки на иницијативата „Отворен Балкан“ денеска го посетија дистрибутивниот центар „Делезе“ во Стара Пазова, каде што беше прикажано како се контролира стоката што се увезува и продава во Србија.

По тој повод, се разговараше за придобивките што ги носи иницијативата, односно за скратувањето на времето што минува помеѓу пакувањето на стоката, преку увозот, до полиците во маркетите.

Српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бранислав Недимовиќ го покажа примерот на ајварот што вчера бил испратен во Србија од Северна Македонија, а денеска се очекува да се најде на српските пазари.

„На лице место се уверивме дека се спроведува она што го потпишавме, дека нема повеќе чекање на граничните премини. Царинските процедури се скратени. Важен чекор во оваа иницијатива е взаемното признавање на лабораториските анализи и сертификати, при извоз и увоз, што ја подобрува деловната клима во регионот“, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Дека во октомври во Ниш речиси 48 часа правеле планови за што подобро спроведување на иницијативата „Отворен Балкан“ потврди и министерот за земјоделство на Република Албанија

„Во Албанија во моментов работиме на измени на три закони кои се неопходни за усогласување поради договорот што го потпишавме, тие ќе бидат во собраниска процедура следниот четврток, а кога парламентот ќе ги ратификува споменатите амандмани, целосно ќе го спроведеме договорот“, истакна Фрида Криска.

На денешната посета на центарот „Делез“ присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска, Борис Пашалиќ, кој истакна дека се надева дека ќе се прошири иницијативата и во соседна БиХ.

Зборувајќи за придобивките од „Отворен Балкан“, Недимовиќ изјави дека веќе нема граници за храната.

„Утрово слушнав дека месото, на граничниот премин Бајаково, на границата со Хрватска, веќе пет дена чека во магацини да се завршат лабораториските анализи, бидејќи Република Хрватска е членка на Европската унија. Ова вклучува контроли, за секоја од нашите испораки, за анализа на ризик. Кога станува збор за Србија, Северна Македонија и Албанија, тоа веќе не постои. Веќе нема ограничување за храната“, вели Недимовиќ.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...