25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНамалување на криминалот во Охрид и Струга споредбено со лани

Намалување на криминалот во Охрид и Струга споредбено со лани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22 проценти, објави на фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

<

Во делот на тешките кражби, како што наведува, во текот на 2023 година, бележиме намалување за 38 проценти, споредбено со истиот период лани.

– Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20 отсто. споредбено со истиот период 2022 година, стои во објавата.

Дополнува дека бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава, во споредба со првите пет месеци од минатата, имаме намалување за цели 38 проценти на територија на СВР Охрид.

– Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Од страна на СВР Охрид во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 52 настани за превенција, пишува министерот.

На подрачјето на ОВР Струга, исто така, во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани, бележиме намалување за 28 проценти на вкупниот број регистрирани кривични дела.

-Во областа на класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31 проценти споредбено со минатата година, стои во објавата на министерот Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...