14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЛебеди наркомани „се дрогираат“ на полиња со афион. (Видео)

Лебеди наркомани „се дрогираат“ на полиња со афион. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лебеди наркомани „се дрогираат“ на полиња со афион
За четири месеци лебедите изеле афион вреден десет илјади евра.Словачките одгледувачи се збудалени, не можат да се справат со нив

<

Словачките медиуми објавија приказна за сосема необична заложничка криза. Имено, во близина на градот Комарно, стотици лебеди ги окупираа полињата со афион и не се движат. Напротив, тие се толку зашеметени што дури и да сакаат не можат да одлетаат.

Одгледувачите се збудалени, не можат да се справат со нив и, фигуративно кажано, можат само да им мавнат бидејќи лебедите во таа земја се заштитени со закон.

Тие пристигнале на полињата во февруари, но причината тогаш не биле самите булки, туку езерото кое се создало поради обилните дождови.

„Дојдоа постепено. Овде изброивме повеќе од двесте од нив“, објасни одгледувачот на афион Балинт Пем за една словачка телевизија.

Птиците обично го гризат синиот и црвен афион од корен, стануваат зависни од него, а регистрирани се и смртни случаи.

За четири месеци лебедите изеле афион вреден десет илјади евра, а огромен проблем е што никој нема да ја надомести штетата на одгледувачот.

„Штетите предизвикани од овие заштитени животни се случуваат ретко во Словачка, затоа лебедите не спаѓаат во списокот на животни за кои државата плаќа надомест“, објасни Томаш Ференчак, портпарол на Одделот за животна средина.ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...