22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветМалечката Нина продава крофни за 50 денари за да собере помош за...

Малечката Нина продава крофни за 50 денари за да собере помош за болниот татко

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приказната за малата Нина, која продава крофни во Нови Сад за да заработи џепарлак, но и за да го помогне лекувањето на нејзиниот татко, ја обиколи Србија. Таа има 11 години и има завршено петто одделение од основно училиште и од почетокот на распустот решила на свој начин да му помогне на семејството.

<

Нејзиниот татко Зоран го загуби едното око поради тешка болест на окото со аблација на ретина, а во голема опасност е и другото око. Освен што може целосно да ослепи и да му биде загрозен животот. Спасот е лекувањето во Москва, кое е многу скапо.

– Нина е само мало девојче кое неизмерно го сака својот татко. Покрај неа го имаме и синот Немања и се обидовме да ги поштедиме од тежината на ситуацијата, но децата чувствуваат се. Таа сама забележала дека и е потребна помош за домашниот буџет и решила да работи и да заработува. Баба ми ја даде идејата за крофни, а јас не смеев да ја пуштам сама да продава, туку излегов со неа пред продавница, изјавила за РИНА мајката на Нина, Наташа Нинковиќ.

Идејата за нивната акција ја споделила на социјалните мрежи и тогаш, како што вели Наташа, започнала вистинска емотивна експлозија, особено кај младите, но и кај сите татковци. И покрај сите очекувања, идејата на малата Нина се разви и сега луѓето чекаат на ред за крофни.

Прво речиси немаше кој да купи крофна од 100 динари (50 денари), а сега луѓето чекаат во редици. Навистина почувствувавме многу емпатија и сфативме дека има многу прекрасни и добри луѓе. Верувајте, 100 крофни дневно не ни се доволни со оглед на побарувачката. Луѓето знаат дека треба долго да чекаат за да купат една крофна бидејќи сите премолчено се согласиле да купат само една бидејќи немаме доволно. Во исто време, сите платија за крофната повеќе отколку што всушност чини, а сега бараат од нас да ги испратиме дури и крофните по пошта. Почна позитивна лавина, изјави Наташа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...