15.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве што ги натерало милијардерите да седнат во „лимена конзерва“ долга 6...

Еве што ги натерало милијардерите да седнат во „лимена конзерва“ долга 6 метра и да се спуштат на дното од океанот!

Целиот свет со нетрпение ги очекуваше вестите за подморницата „Титан“ и петтемина патници, а вчера официјално беше соопштено дека посадата загинала како последица на имплозија на подморницата

Се претпоставува дека подморницата „Титан“имплодирала и дека петте патника се мртви, соопштиле вчера од официјалните служби, а пренесоа сите светските медиуми. Светот се прашува што ги натерало милијардерите да седнат во „лимена конзерва“ долга 6 метри, без клупи и тоалети, и да се спуштат на дното од океанот?

Бизарноста е голема кога се знае и податокот дека за овој подвиг платиле по 250.000 долариод лице за карта!

Богатите луѓе бараат опасни авантури и со оглед на тоа што постигнале нешто невозможно, како што е трајната финансиска благосостојба, ним сега им треба нешто екстремно за да ги „крене“ – раскажал докторСкот Лајонс, психолог чии клиенти се некои од најголемите богаташи.

Еден од патниците, Хамиш Хардинг, пред подморницата „Титан“, летал во вселената, а претходно бил и на Монт Еверест. Психологот го објаснува тоа како потреба на богатите луѓе да си се докажат самите на себе, а тоа им успева така што ќе си овозможат нешто што повеќето луѓе не можат ни да си го замислат.

Доктор Лајонс рекол дека богатите го бараат „чувството дека се живи“, бидејќи финансиски се безбедни, па сега бараат ризик на други места.

 

 

 

Инаку, ултрабогатите луѓе се склони на ризици, што најверојатно и го довело до нивниот голем успех.

„Луѓето ќе бараат повеќе возбуда ако се подложни на досада. Како што станувате поекстравагантни во животот, така нештата стануваат помалку возбудливи. Барате новитети, бидејќи работите ви се лесно достапни“, тврди доктор Лајонс.

Дел од посадата на исчезнатата подморница „Титан“ бил британскиот милијардер Хамиш Хардинг, со нето-вредност од милијарда долари, кој се збогатил со продажба на приватни авиони и држи три Гинисови светски рекорди за екстремни патувања.

 

 

 

 

 

На „Титан“ бил и пакистанскиот бизнисмен Шахзад Давуд (48) со седиште во Британија и неговиот 19-годишен син Сулеман. Сестрата на настраданиот бизнисмен за странските медиуми рекла дека Сулеман не сакал да патува со татко му, но сепак му ја исполнил желбата, и покрај големиот страв, влегол во „Титан“.

Семејството Давуд е меѓу најбогатите во Пакистан, но има силни врски со Велика Британија, а Шахзад живее во куќа со шест спални соби од 3,3 милиони фунти.

Четвртиот патник е Стоктон Раш, чие богатство се проценува на 12 милиони долари, додека петтиот патник – ветеран на француската морнарица, „тежи“ 1,5 милијарди долари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Ова е одлуката на скопскиот...

Врховен судија фатен со 10.000 евра !!!

Судијата во Врховниот суд Наќе Георгиев е приведен поради мито од 10.000 евра и е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје, потврдија...

Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ!

Насловна / Македонија Објавено на: May 20, 2024 Петровска: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ! t Се уште актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во изјава...

Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Со пригоден настан кој се одржа денеска, Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите. Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите...