30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаРодителите на малечката Јана ја напуштаат Македонија- Овде се корумпирано велат тие…

Родителите на малечката Јана ја напуштаат Македонија- Овде се корумпирано велат тие…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на шест годишната Јана Христовска која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија.
Вечерва во Битола пред седиштето на Битолското обвинителство се одржа протест за малата Јана на кој за прв пат дојдоа и родителите Кристина и Стојче Христовски.
Родителите не се задоволни од јавнообвинителската одлука дека нема лекарска грешка во смртта на Јана нитукривично гонење за лекарите. Напротив сметаат дека воопшто не било земено во предвид влошувањето на здравствената состојба на девојчето по примената гликоза и покачувањето на шеќерот во крвта од 9 на 19 единици.

<

„Очекувавме се да биде прикриено, бидејќи се е поврзано, од доктори до судии и обвинители. Да не се чуди државата оти бегаат младите во странство, сите се роднински поврзани, цели династии. Во оваа држава знаеме ‘колку е саатот’ од тука куферчето и да не нема”, велат таткото Стојче и мајката Кристина.

Допрва со нивниот адвокат ќе разговараат дали ќе поднесат приватни тужби за лекарите инволвирани во лечењето на Јана.

Највуваат и странска експертиза да го провери целиот случат. Сепак родителите засега не размислуваат да се направи ексхумација и нова обдукација врз телото на девојчето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...