13.5 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаЗапалено уште едно возило на командир во Идризово

Запалено уште едно возило на командир во Идризово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Последно во низата настрада возилото „Рено клио“, неофицијално во сопственост на 50 годишен затворски стражар, во населбата Илинден.

<

Според информациите на МВР, тоа било опожарено ноќеска во 3 и 5 минути, при што била зафатена и гаражата во која било паркирано и била причинета материјална штета. Мотивите за пожарот не се познати, а за среќа, немало повредени лица.

„На 26.06.2023 во 03.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден биле опожарени гаража и патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(50) од Скопје. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчитсување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, во април, двапати за три дена изгореа автомобили на функционери од затворот „Идризово“. Меѓу опожарените возила беше и тоа на заменикот директор Феми Јонузи. Неговиот службен автомобил изгорел додека тој бил во џамија.

Пред тој настан, беше запален автомобил на командирот, Африм Реџепи пред неговиот стан, кој ваквиот случај тогаш го оцени како напад врз државата.

Кој стои зад овие веројатно организирани подметнувања, никогаш не се откри, иако сомневањата се дека станува збор за одмазди на некои од затворенциите.. Неодамна во Идризво беше откриен и тунел за бегство, но ниту за овој случај досега нема пријавени. Се уште во истрага е и случајот со филмското бегство на затвореникот Беким Мемети од кого веќе 6 месеци нема ниту трага ниту глас.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...