30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПоминаа 25 километри пеш низ дожд и сонце за да се поклонат...

Поминаа 25 километри пеш низ дожд и сонце за да се поклонат на гробот на Свети Наум

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По 16 пат годинава верници од Битола, Прилеп, Велес и Скопје пеш изодија 25 километри пат во рамки на поклоненичкиот марш „По стапките на нашите предци“ за да се поклонат и оддадат почит на Свети Наум Охридски Чудотворец, голем духовен преродбеник, научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската писменост.

<

По 16 пат годинава верници од Битола, Прилеп, Велес и Скопје пеш изодија 25 километри пат во рамки на поклоненичкиот марш „По стапките на нашите предци“ за да се поклонат и оддадат почит на Свети Наум Охридски Чудотворец, голем духовен преродбеник, научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската писменост. Кон маршот се приклучија 48 поклоненици кои пеш ја минаа последната етапа од патувањето од село Царина, Преспа, преку пресеката на планината Галичица, па се̍ до Свети Наум.

Поклоненичкото патување е во организација на хуманитарната организација „Утешител“ која веќе 16 години го организира во чест на големиот христијански празник посветен на преподобниот Наум Охридски.

„Тргнавме ден порано, имаше вренежи од дожд, слава му на Бога што вели еден отец имавте кршевање со потпување, сосеме бевме накиснати. Годинава со најголеми искушенија, но најрадосно и најблагодатно. Учествуваа и помали деца, па се̍ до повозрасни лица над 70 години. Патеката не е тешка, пред се е благодатна, кога се оди на вакви свети места, Бог дава сили, голема радост и утеха на душата“, вели Драги Анастасовски, професор по етика на религии.

Тој додава дека со божја помош ги откриле и оригиналните патишта по кои низ вековите наназад минувале нашите предци.

„Вистинско чудо беше како ги откривме. Откако почнавме да се движиме по нив, осознававме дека биле патеки на нашите предци. Прво сакавме да одиме по асфалт, но потоа постепено се откри целата мапа со божја помош. Ова патување е еден мал љубовен принос, духовна лепта за слава Божја, за Бог преку Свети Наум да даде благослов, мир и радост и спасение на целиот наш народ македонски“, додава Анастасовски.

apla.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...