22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЗапленетиот имот на Мијалков наскоро ќе оди на јавно наддавање

Запленетиот имот на Мијалков наскоро ќе оди на јавно наддавање

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Имотот кој му беше конфискуван на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во предметот „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавно електронско наддавање, најавува новиот директор на Агенцијата за управување со одеземен имот Дритон Небиу.

<

Во однос на овој случај тој вели дека наплатени се парични средства во износ од 6 милиони и 100 илјади евра во корист на државниот буџет, потоа одземени биле 7108 акции од фирмата „Ексико“, во износ од 352.000 евра и дека за истите веќе е објавен јавен оглас, а се чека на дозвола од Владата за да се закаже јавното наддавање за конфискуваниот недвижен имот на Мијалков вреден 15 милиони евра.

„ Ние продолжуваме понатаму со недвижностите кои ги му се одземени на Сашо Мијалков, одземено е земјшите за градежен објект во 14 милиони евра. Од овие недвижности веќе некој дел успеавме да ја завршиме фазата на проценка, затоа што за секој недвижен имот или движен треба да направиме проценка, досега се обезбедени за КО Радња, КО Охрид, КО Богородица. Во Охрид се станови во Богоридица е земјиште градежно, и во Радња исто така е земјиште. За овие три е направена проценка, јас предложив како диркетор да ги ставиме на јавен повик на јавно наддавање, сега чекаме на владата да ни даде согласност за да имаме право да ги пуштиме на јавен повик. “-Дритон Небиу – Директор на Агенција за управување со одземен имот.

Покрај за овој предмет, извршување ќе има и за случаите за кои има судска пресуда „Труст“ на Сеад Кочан и „Бачило“ на Иснифарис Џемаили кој е стар повеќе од една деценија.

Небиу вели дека е потребен нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе разговарал со министерот за правда Лога. Вели дека најголемиот проблем со кој се соочува Агенцијата е тоа што складиштата се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...