8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР со детали за случајот со луксузните возила: Пронајдена и дрога, ножеви,...

МВР со детали за случајот со луксузните возила: Пронајдена и дрога, ножеви, оружје … Приведени 18 лица, поднесени кривични пријави

spot_img

Денеска (05.07.2023) од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација со надлежен Јавен обвинител од Основното Јавно Обвинителство Скопје, беше спроведена координирана полициска акција насочена кон лица инволвирани во криумчарење на луксузни моторни возила на подрачјето на СВР Скопје, како и на подрачјата на Битола, Кочани и Ресен. Притоа, извршени се претреси на 24 локации, кај вкупно 23 лица со цел пронаоѓање и обезбедување дополнителни материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела, а од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по 3 лица се трага.

<

Меѓу уапсените 18 лица за кражба на луксузни автомобили од неколку европски држави се и газдите на два познати угостителски локали во центарот на Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори на истрагата. Едниот од нив е и сопственик на фабрика за колачиња, а меѓу уапсените е и газда на менувачница.

Од МВР, пак, уапсени се пет вработени од управните служби, кои ги фалсификувале и ги подготвувале документите за регистрација на украдените нови возила. Возилата што се краделе па препродавале биле исклучиво под лизинг во странство.

Од страна на СВР Скопје во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела „Криумчарење” по чл.278, „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама” по чл.278-б, „Фалсификување исправа” по чл.378, „Спречување докажување” по чл.368, „Злоупотреба на лични податоци” од чл.149, „Фалсификување службена исправа” од чл.361 и „Компјутерски фалсификат” од чл.379-а од Кривичниот законик, против 21 лице на возраст од 20 до 49 години, од кои 5 се вработени како референти во Одделение за управни работи – Скопје, и тоа: Д.С.(43), Н.Н.(42), В.И.(48), С.С.(37), А.Л.Т.(29), А.П.(20), З.А.(38), С.А.(49),Н.К.(26),П.М.(41), А.Ј.(38), М.И.(45), Ф.Ф.(31), З.Т.(25), С.К.(39), С.К.(41), И.Ј.(30), М.А.К.(43), Д.Т.(34), М.С.(35), И.В.(46), како и против едно правно лице од Кочани.

Од страна на СВР Скопје при преземањето на мерките и активностите во рамки на спроведено криминалистичко истражување утврдено е дека во период од 2020 до 2022 година, пријавените извршувале криминални активности, односно криумчарење на луксузни моторни возила така што им ги менувале оригиналните идентификациони броеви на шасијата, потоа изготвувале или обезбедувале фалсификувана документација и ги внесувале преку државната граница со оригинални или со фалсификувани странски регистарски ознаки или со претходно издадени македонски регистерски ознаки. Тие, избегнувајќи ја царинската контрола ги пренесувале како непријавена стока, без да ги пријават во транзитна постапка за да се отпочне царинска постапка. Притоа, искористувајќи фалсификувани документи, како и претходно издадени оригинални македонски регистарски ознаки кои потоа со употреба на лажни јавни исправи како вистинити, односно со фалсификуван идентификационен број, ги легализирале возилата како оригинални, со цел нивна понатамошна препродажба преку фиктивни продажби како хаварисани и нивни продажби за нереални износи, со цел стекнување на противправна имотна корист од околу 36.329.247 денари, односно над половина милион евра.

Во рамки на истражувањето одземени се 14 патнички возила кои се предмет на потрага во Србија, БиХ, Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија и Бугарија, како и џип „ланд ровер” и 1 мотоцикл.

Инаку утрово, со судска наредба и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје извршени се претреси на дом и други простории во 23 објекти на подрачјето на Скопје, како и во Кочани, Битола, Ресен, при што се пронајдени и одземени еден воздушен хеклер, марихуана, еден пиштол, прашкаста материја, преку 400 куршуми кал. 9мм, 12 куршуми кал.7,64, куршум кал.7,65 мм, куршуми 7.62 мм, куршуми 7.62 x39, 40 куршуми за гасен пиштол, две воздушни пушки, детектор за метал, четири рамки со по 25 куршуми, еден топовски удар, една рачно направена бомба, еден панцир со плоча, безбол палки, ножеви, стари полициски амблеми, радиоврски, дрон, сензор за аларм, пригушувачи, компјутери и поголем износ на пари во различни валути, осум договори за купопродажба, печати од правно лице и други предмети, како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Приведените лицата во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...