15.9 C
Ohrid
петок, јули 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПациентот со цистична фиброза до Меџити: Дај Боже вие да го доживеете...

Пациентот со цистична фиброза до Меџити: Дај Боже вие да го доживеете истото шоу – да молиш за лек, а да нема

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пациентот Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза, а за кој министерот за здравство Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ кажа дека правел шоу сликајќи се во болница со транспарент преку кој бара лек, им порача на институциите: „Нема и не ви дозволувам да ме умрете млад“. Пациентот побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби. Побара и итна набавка на лекот „трикафта“ кој исто така не го доби.

<

„И покрај потешкотиите со болеста што ја имам, нема да се предадам ни на болеста ни на вас. Дај Боже вие министер Фатмир Меџити да го доживеете истото шоу, на вас и на вашите најблиски. Да молиш за лек, а да нема воопшто лек. Па да видиш што е болка“, напиша Пехчевски.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го осуди нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, го осуди нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска. Тој негира поврзаност со овој случај. „Општина Чаир најостро го...

Тошковски: Арсовска не го потпишала полицискиот записник – станала и си отишла

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката на Град Скопје, кажа дека Данела...

Офицерот на АРМ бил застрелан од бегалец со меѓународна потерница за убиство.

Припадник на скопската банда Беланоца и бегалец со меѓународна потерница за убиство и убиство во обид денеска застрела офицер на АРМ кој користел слободен...