15.9 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерката за култура ги искара охридските угостители – не им наплаќајте на...

Министерката за култура ги искара охридските угостители – не им наплаќајте на гостите како да треба да платат воена оштета

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид започна 63-тото издание на најзначајната културно-сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето”.

<

Пред присутните, меѓу другите, се обрати и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која на самиот крај од нејзиниот говор, гласно пред сите, им упати порака на охридските угостители.

-Летната сезона во Охрид не трае долго време и затоа квалитетот, а не квантитетот му прилега на овој древен и скапоцен македонски град. Затоа имам една порака. Поради „Охридско лето”, и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет. Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена оштета или некои други ненамирени долгови од векови наназад. Ако овие зборови на луцидниот Душко Радовиќ допрат до нашите домаќини, им благодарам, напомена министерката Костадиновска Стојчевска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија-Се урнал плафанот од бањата

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во...

Пратеничката Жаклина Пешевска се фати на оро со Македонците во Овчарани, Грција

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Жаклина Пешевска, на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од традиционалната веселба на Македонците за...

Во Вевчани запален голф со охридски регистарски ознаки !!

На 22.07.2025 во 02.53 часот во Полициската станица Струга, Н.П. пријавил дека пред неговата куќа во Вевчани, било опожарено неговото патничко возило „Фолксваген голф"...

Славевски: Македонија златото го чува во Банка во Англија.

Македонија Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму Автор: Деск 4NEWS.MK 22/07/2025 14:59 Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на отворена...