23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: На над 95 % од местата каде туристите уживаат и се...

Пецаков: На над 95 % од местата каде туристите уживаат и се рекреираат, езерската вода е од прва класа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Реалноста е дека најголемиот дел од крајбрежјето што е под територија на Општина Охрид е покриен со колекторскиот систем и функционира, а истото го покажуваат испитувањата на ЦЈЗ Охрид пред почеток на сезона, освен на неколку точки каде езерото не е покриено, изјави градоначалниокот на Охрид, д-р Кирил Пецаков за Тв Телма.

<

– На над 95 % од местата каде туристите уживаат и се рекреираат, езерската вода е од прва класа. Колекторот генерално ја врши работата, ние имаме проблем онаму каде нема тотална покриеност од колекторот. Минатата и оваа година за дел од местата добиени се одобренија покрај изработката на проекти, а за дел, како за Љубаништа ќе биде нарачан проект во октомври по што ќе следи одобрение за изградба на колекторот и целосно покривање на териториата на крајбрежјето што припаѓа на Општина Охрид. Проблеми за функционалноста на колекторот конкретно за дел од територијата што ја покрива што не е посебно одвоен колекторскиот систем, туку има место каде се меша со атмосферска вода, тоа е затоа што не е изградена атмосферска мрежа на одредени места и сето тоа треба да биде завршено, потенцира Пецаков.

Додава дека за одредени зафати потребна е и државна помош, а токму тоа се случува за точките каде е потребно.

– Моментално, имаше повик од министерство за животна средина, ние имаме завршено проект на кој извадивме и одобрение, ние како локална самоуправа, тоа е за покрвање на селата Долно и Горно Лакочереј со примарна и секундарна фекална мрежа која понатаму нема да биде дел од сливното подрачје, бидејќи преку реката и начинот на кој функционирале досега овие села се загадувало езерото. Во јануари беше презентиран проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца и тоа ќе оди во фази, дел ќе сработи општина, дел жибвотна средина и останува уште Љубаништа, истакна Пецаков.

Резултатите од спроведените анализа на водата во Охридското Езеро во периодот јануари-јуни оваа година истата ја класифицираат како одлична, но и понатаму перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што се однесува на квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик во време на летна сезона.

Во заклучната оценка во извештајот се вели дека површинската вода од Охридското Езеро се класифицира како одлична и може да се користи за капење и рекреација како и за спортови на вода.

извор: ОхридПрес

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...