10 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагоја Милевски од 1 август ќе го наследи Игор Ангеловски како селектор...

Благоја Милевски од 1 август ќе го наследи Игор Ангеловски како селектор на фудбалската репрезентација

spot_imgspot_img

Благоја Милевски од 1 август ќе го наследи Игор Ангеловски на селекторското место на фудбалската репрезентација. Милевски досега ја водеше селекцијата до 21 година, со која во 2017 година оствари историски пласман на Европското првенство во Полска.

„Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи. Тој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим. Веруваме во квалитетите на Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата“, рече претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...