4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНад 100.000 Македонци го чуваат македонскиот јазик во Австралија

Над 100.000 Македонци го чуваат македонскиот јазик во Австралија

spot_img

Без разлика на кој крај од светот живееме, ние сме Македонци, а јазикот е неизбришлив и најпрепознатлив национален белег. Тука треба да бидеме помогнати и од матичната држава Македонија, во смисла на редовни кампањи, начини како да го доближиме јазикот до најмладите, изготвување повеќе учебници што би биле соодветни за овдешните стандарди и за децата, порачуваат нашинците од Австралија
Писмо од Мелбурн

Според статистичките податоци од пописите во Австралија, кои се спроведуваат на секои пет години, забележливо е драстично опаѓање на бројот на луѓе што го користат мајчиниот јазик дома.
Земајќи ги предвид бројките од последниот попис, во државата Викторија има 49.429 Македонци, а училиштето во состав на Викториското училиште за јазици каде што се учи македонскиот јазик има помалку од 500 ученици.

Па така, излегуваат од школските јазични клупи и се ориентираат на студии што им се важни за нивна кариера. Она што го научиле од своите родители како деца не е доволно за во иднина да може течно да разговараат, пишуваат или да читаат на македонски.
Тоа не е случај само со Македонците, туку и со другите националности во Австралија. Така на пример, Италијанците имаат 80.000 помалку говорители на италијански дома, од 354.000 во 2001 до 272.000 во 2016 година. За разлика од нив и од нас, Грците се во подобра позиција, благодарение на нивните заложби, лобирања и одржување на јазикот во поголем број училишта, како и во состав на црквата.
Ингрид Пилер, професор по применета лингвистика на Универзитетот „Меквoри“ во Мелбурн, коментирајќи ја ваквата појава, изјави дека „Австралија е гробница на јазиците – ги има, но изумираат“.

Овој термин бил измислен од американскиот лингвист Џошуа Фишман за да се примени во САД, но одговара и за ситуацијата во Австралија. И во двете земји јазичната разновидност не се цени.
Се смета дека повеќе од 250 домородни австралиски дијалекти постоеле во времето на првиот европски контакт, од кои околу 20 сè уште се во секојдневна употреба од сите возрасни групи.

Засега англискиот јазик сè уште е доминантен јазик во Австралија, поточно речено, австралискиот англиски јазик, кој иако е многу сличен со другите видови англиски денес, содржи зборови и изрази преземени од Северна Америка. Според пописот, 73 отсто од Австралијците зборуваат англиски како единствен јазик дома. Од 25,3 милиони луѓе во Австралија, околу еден милион воопшто не зборуваат англиски.
Според Кен Круикшанк од Универзитетот во Сиднеј, Австралија е една од земјите во светот каде што се зборуваат многу јазици, но јазичното образование не се смета за приоритетно. Јазиците не се дел од основната наставна програма, освен во Викторија во основните училишта.

Во Австралија тешко се прифаќа учењето на други јазици, па како резултат на тоа, децата го губат мајчиниот јазик до завршувањето на 12-та година (средно образование). Така е и со децата од македонско потекло, кои едвај издржуваат да го учат јазикот во викториските училишта до седмо или осмо одделение, а тие што остануваат до 12-та година се само мал број до 10 ученици.
Постојат два сигурни начини на кои луѓето можат да ги изгубат јазиците што ги зборуваат. Првиот е преку лингвистичка колонизација, што се случи со многу домородни и малцински јазици низ светот, а втората е лингвистичка асимилација. Тоа е кога имигрантите ги губат своите јазици бидејќи постепено се префрлаат кон доминантниот јазик, англискиот – самиот јазик на мигрантите. Во сите сојузни држави во Австралија, половина е бројот на оние што го зборуваат македонскиот јазик дома. Таа половина укажува на голема работа т.е. постепено губење на јазикот меѓу Македонците. И што повеќе одминуваат годините, новите генерации не слушаат македонски од своите родители затоа што и тие не го научиле доволно за да го пренесат. Во последно време, на децата од мешани бракови им е дополнително тешко да се одлучат кој јазик да го учат, од мајката или од таткото, а најчесто одлучуваат ниеден да не го учат и комуницираат на англиски, како единствен и најлесен начин да се разберат.

Во оваа ситуација не се само учителите тие што треба да апелираат во јавноста да се запишуваат во училиштата, туку да се развие свеста кај тие 111.352 Македонци дека јазикот е идентитет. Без разлика на кој крај од светот живееме, ние сме Македонци, а јазикот е неизбришлив и најпрепознатлив национален белег. Тука треба да бидеме помогнати и од матичната држава Македонија, во смисла на редовни кампањи, начини како да го доближиме јазикот до најмладите, изготвување повеќе учебници што би биле соодветни за овдешните стандарди и за децата што го учат јазикот како втор.

Гордана Димовска, специјално за „Нова Македонија“ од Мелбурн, Австралија

Како се формулирало прашањето за јазиците во пописот?

Во 1933 година се побарало од луѓето што не знаеле да читаат и да пишуваат на англиски, но знаеле да читаат и пишуваат на странски јазик, да го наведат тој јазик. Во 1976 година, луѓето беа прашани за сите јазици што ги зборуваат. Во 1981 и 1986 година, прашањето гласело дали зборуваат јазик различен од англискиот дома и, ако е така, колку добро зборуваат англиски. Дополнително на ова, од 1991 година од луѓето се бара да го именуваат својот неанглиски јазик. На пописот во 2021 година, формулацијата на прашањата беше изменета за да го вклучи зборот „користиш“ наместо „зборуваш“ за подобро да се приспособат на луѓето во заедницата што користат знаковен јазик.

Некои статистички податоци од последниот попис

Колку се говори македонскиот јазик во Австралија
Бројот на лицата во Австралија што дома зборуваат македонски,
по држави и територии:
Нов Јужен Велс – 43.775 лица со македонско потекло, македонски дома
зборуваат 28,091
Викторија – 49.429, македонски дома зборуваат 29.356
Квинсленд – 3.335, македонски дома зборуваат 1.386
Западна Австралија – 11.327, македонски дома зборуваат 5.916
Јужна Австралија – 1.817, македонски дома зборуваат 610
Тасманија – 133, македонски дома зборуваат 30
Северна Територија – 78, македонски дома зборуваат 19
Австралиска главна територија – 1.458, македонски дома зборуваат 764
Nova Makedonija

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...