17.2 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаБаба Ѓурѓа од Карпош: „Продавам цвеќиња за да ги прехранам внучињата од...

Баба Ѓурѓа од Карпош: „Продавам цвеќиња за да ги прехранам внучињата од мојот починат син“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ги наредила букетите со цвеќиња во гајби за продажба, седнала на едно мало пластично столче пред главниот влез во Тинекс во Лептокарија и цел ден го минува таму, чекајќи потенцијални купувачи на цвеќиња.

<

Станува збор за 92-годишната баба Ѓурѓа, која зиме-лете можете да ја сретнете на истото место, чекор или два од влезот на Тинексот во Карпош, веднаш спроти фонтаната- јавува Денар Мк.
За неа не важат препораките за заштита од жештините преку лето, а не важат и препораките за заштита од студот преку зимата.

Баба Ѓурѓа, едноставно, има секојдневна задача: да продаде цвеќе за да може да ги прехрани внучињата од нејзиниот починат син.

-Ни жешко, ни тешко, никој мене за ништо не ме прашува. Имам 92 години, стара сум и болна, сѐ ме боли, ама морам да продавам цвеќиња за да се прехранам јас и моите внучиња кои ги чувам од мојот починат син. Немаат никој друг на светов, освен мене. Што да правам синко, таков е животот. И вам ви посакувам да си дочекате длабока старост, ама да не се мачите вака како мене – ни рече бабичката.

Ја прашавме дали самата ги сади и ги одгледува цвеќињата.

-Кај сум јас за садење и за одгледување цвеќиња, видете ме, едвај стојам на нозе. Другиот син ги бере од нива и ми ги носи за да ги продавам. Тука сум секој ден од рано наутро до пред стемнување. Немало ден да не продадам цвеќе. Има многу добри луѓе кои се сожалуваат и кои ми даваат дури повеќе пари отколку што навистина вредат цвеќињата. Некои ми купуваат и храна и вода – ни рече баба Ѓурѓа.

Екипата на Денар купи неколку букети и се погрижи бабичката да заработи некој денар среде најголемата жештина, а апелираме и до нашите читатели, ако се во можност, и тие да купат цвеќе од оваа бабичка.
Денар Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...