20.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМеханичарот прегазил баба со мојата кола, сега јас треба да платам 5.000...

Механичарот прегазил баба со мојата кола, сега јас треба да платам 5.000 евра, вели Неготинчанецот Ангел Стојчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ми се случува едно неверојатно искуство, кога ниту крив, ниту должен, доведен сум во ситуација да треба да платам сума од околу пет илјади евра, поради нешто кое јас не сум го сторил. Сакам да знам дали е ова правда и има ли решение за мојот проблем – прашува 54-годишниот Ангел Стојчев од Вешје, Неготино, и за ,,Фокус” детално го прераскажува настанот кој му донел големи главоболки и стресови.

<

-Се случи тоа во 2018 година, имав автомобил кој требаше да го регистрирам, па пред регистрација го однесов кај механичар во Неготино, да го среди и поправи.
Но, добив телефонски повик додека бев на работа, ме повикаа веднаш да дојдам, бидејќи се случила незгода со мојот автомобил во близина на училиште во Неготино. Кога прашав што е работата, ми беше кажано дека механичарот сакал да ја испроба колата, заминал кон продавница во близина на школото, и кога враќал назад удрил во 80-годишна баба.

Бабата заврши со скршен колк, а јас го започнав патешествието во судските лавиринти. Во суд бев повикан само еднаш, каде убаво појаснив дека јас не возев, туку мајсторот ја испробувал колата. И толку беше, по втор пат не ме повикаа.

Пред две години стигна одлуката дека треба да и платам на бабата отштета, адвокатката ветуваше дека ќе се среди работата, дека ќе се жалиме, но на крај излезе дека пресудата е правосилна. Заедно со останати трошоци, камати и со долг кон извршител, јас треба да платам околу пет илјади евра – раскажува Стојчев.

Вели дека тој работел во фабрика, не бил во тек со законите и прописите во земјава, па како му било кажано, така сметал дека треба да направи. Но, сумата која требало да ја плати, сепак му дошла како шок, најмногу поради тоа што тој не го управувал возилото кога се случила несреќата и не се чувствувал виновен.

-Ми кажаа дека и мајсторот кој ја удри старицата треба да и плати иста сума. Според закон, исто сме биле одговорни и двајцата, и јас како сопственик на неосигурано возило, како и лицето кое го управувало возилото кога се случил настанот.
Не знам каде да се обратам по повод оваа ситуација, снимив видео во кое раскажувам за случајот и тоа се објави на Тазе, страница каде се објавуваат новости од Тиквешијата, поддршка добивам од луѓето, но мене ми е потребна конкретна правна помош.
Апелирам доколку има некој правник, адвокат кој смета дека правдата е на моја страна и кој би можел да ми помогне, нека ме побара. Ги почитувам законите, но целата оваа ситуација не ми е логична – вели Стојчев.

Појаснува дека денес жената која била удрена од возилото била добра и си продолжила со животот. Механичарот кој му го поправал автомобилот, во меѓувреме ја затворил фирмата и не работел повеќе.

-Бабата си е жива, механичарот повеќе не работи, а јас доколку не се изнајде некое решение, ќе треба да платам 5.000 евра. Ако постои некое законско решение за мојот случај, замолувам да ми се јави правно лице кое ќе ми помогне- порача Стојчев.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...