8.8 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија треба да и врати 660.000 евра на ЕУ поради измама со...

Македонија треба да и врати 660.000 евра на ЕУ поради измама со софтвер во министерството за земјоделие

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите.

<

Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков договор или предмет поврзан со ИПАРД, туку за проектот што се реализирал преку ИПА поддршката за МЗШВ.

Истрагата е веќе завршена и за случајот има конкретен предмет со конкретни правни дејства. Предметот е доставен до ОЈО за организиран криминал, а МЗШВ апелира случајот да биде комплетно расчистен.

-Имаме еден случај на ОЛАФ кој е завршен со препорака. Се работи за проект од 2015 година, но не поврзан со ИПАРД, туку со ИПА поддршка на МЗШВ за одреден софтвер за кој државата треба да ги врати парите. ОЛАФ спровела постапка и констатирала дека има неправилности поради што препорачува државата да ги врати средствата. За случајот, Владата на една од последните седници донесе Одлука согласно сите постапки и предметот е пратен во Обвинителството, рече Николовски.

Министерот потенцира дека МЗШВ бара и апелира случајот да биде разрешен.

-Да бидеме јасни, прецизни и транспарентни. Не сакам да се наруши успешната ИПАРД приказна. Ние треба да градиме доверба со луѓето, имаме 120 милиони евра на располагање и сакаме максимално да ги искористиме, подвлече Николовски.

Тој го покажа и документот според кој, „ОЛАФ има заврешно истрага за злоупотреба на ИПА средства преку проект реализиран во 2015 година, а се однесува на Договор потпишан на 20 ноември 2015 година по тендерска постапка „Надградба на информациски систем за земјоделство и воспоставување системи за размена на податоци меѓу МЗШВ и другите релевантни институции кој е спроведен децентрализирано, во рамки на Програмата за помош при транзиција и институционална надградба“.

-Европската комисија на 18 април 2023 година достави допис во врска со неправилност на Договор финансиран од ЕУ преку ИПА. Владата преку Министерството за финансии го има разгледано и веќе постапува по Извештајот доставен од завршената истрага на ОЛАФ. Значи, ова е завршена истрага во која има конкретен предмет со конкретни правни дејства. ОЈО за организиран криминал веќе има тековна постапка за овој случај, а МЗШВ го повикува случајот да биде комлетно расчистен, дециден е Николовски.
а1 он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...