9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаКако македонска авторска песна стана бугарска-народна, и се продаде во 3,5 милиони...

Како македонска авторска песна стана бугарска-народна, и се продаде во 3,5 милиони тираж?

spot_img

Дали знаеш мила мајко што сум несреќна“, се стихови на македонска фолк песна, која ја отпеаја голем број на наши пејачи, уште од крајот на шеесеттите години на минатиот век, кога песната била компонирана.

<

Автор на истата е Ристо Пулевски, роден во Нижеполе во 1934 година, кој во тој период работел како радиопејач во Радио Битола.

Песната ја посветил на неговата сопруга, ја испеал на радиото и станала многу популарна. На својот репертоар ја ставиле повеќе македонски пејачи, кои редовно ја изведувале за време на своите турнеји кај нашите иселеници.

Но, глобална популарност се случи во 1995 година, кога беше издаден синглот „While the Earth Sleeps“ во изведба на светски популарниот Питер Габриел и „Дип форест“, во придружба на бугарската пејачка Катја Петрова. Таа ги пее стиховите „Дали знаеш мила мајко“, а песната беше искористена и во филмот „Strange days“.

По реакциите дека станува збор на обработка на македонска авторска песна, во јавност се објавија тврдењата на тимот на Габриел, според кои стиховите ,,Дали знаеш мила мајко” потекнувале од бугарска народна песна.

Негирањето на авторството на Пулевски од страна на Габриел беше причина да започне и меѓународен судски спор, а за неговата разрешница, самиот автор Ристо Пулевски раскажа пред повеќе години во интервју за весникот ,,Пензионер плус” кој е официјално гласило на Сојузот на здруженија на пензионерите во Македонија.

Во интервјуто кое го направил битолскиот новинар Никола Талевски, кој почина пред неколку години, авторот Пулевски вели дека песната му „легнала“ на Питер Габриел, кој ја снимил во тираж од 3,5 милиони, и истата се вртела на светската топ листа три години, пробивајќи се на самиот врв.

Околу спорот кој се водел за авторството, појаснува дека не го добил.

-Во едно интервју побараа јас да ја пеам со мојот глас, како доказ дека песната е моја! Го сторив тоа, но… спорот не го добив, ама да те пејат во светот, тоа е чест, нели? И на тие кои беа коректни кон моето авторство, а и на другите, на сите им благодарам!

Нека пејат тоа што јас сум го создал- порача Пулевски, не откривајќи детали зошто конкретно го изгубил спорот и дали воопшто ги заштитил своите авторски права.

Пред да ја создаде „Дали знаеш мила мајко“, во 1962 година тој ја создал и легендарната „Туѓината пуста да остане“. За прв пат ја отпеал во живо во Радио Битола. За оваа песна, тој вели дека кога започнал да работи како радиопејач, вработените во радиото го наговориле да напише своја песна.

-Песната сама ми дојде. Се вратив во село вечерта, ја оставив сијалицата да свети во одајата, зедов тетратка и стило и почнав. Пишував додека не ја завршив и последната строфа длабоко во ноќта.
Имав извонредна песна во главата! По два дена дојдов во Радио Битола и му ја испеав на Борче Талевски – Боцкино, кој раководеше со малиот народен оркестар.
Тој почна да нотира, а директорот Ристо Невеновски ми рече дека ќе ја пејам истиот ден на радио.

Песната стана најпопуларна во емисијата „Желби на слушателите“, и ја зеде дуетот Куцулова – Андреевски. Во Скопје ја зедоа Александар Сариевски и Васка Илиева. Се радував на успехот, моја песна да ја пејат најпознатите македонски пејачи, таа стана еден вид на химна на печалбарите. Набргу потоа ја создадов „Дали знаеш мајко мила“ и ја посветив на сопругата – си спомнува авторот во интервјуто за „Пензионер плус“.

Обработката на неговата песна од страна на Габриел и „Дип форест“ е објавена во повеќе верзии на музичкиот канал Јутјуб.

Коментарите под неа се многубројни, а често завршуваат и со караници помеѓу Македонци и Бугари, кои меѓусебно се обидуваат да докажат чија е песната, дали македонска, авторска, или пак бугарска – народна.

Вики Клинчарова Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...