6.9 C
Ohrid
сабота, февруари 22, 2025
ПочетнаМакедонијаОд 18 години на 8: Апелација му ја намали за повеќе од...

Од 18 години на 8: Апелација му ја намали за повеќе од половина затворската казна на Ангелче Николов

spot_img

Скопска апелација ја прифати жалбата на Ангелче Николов, кој пред 8 месеци, возејќи пијан и со голема брзина, ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова и му ја намали затворската казна од 18 на 8 години.
Вака одлучиле четворицата судии Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на апелацискиот совет кој одлучувал по жалбата на адвокатите на Николов, Андреја Весов и Љупчо Веселиновски.

<

Имајќи ги предвид околностите кои се одснесуваат на степенот на кривичната одговорност на обвинетиот и тоа неговата умисла како повиоск степен на вина и неговата свест за противправноста на неговите дејствија, повредата на заштитното добро, особено околноста дека истиот по сторувањето на делото го напуштил местото на настанот и се криел повеќе од 30 часа, а потоа сам се пријавил, ценети во корелација со олеснителни околности, поврзани со личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, односно се работи за млад човек, неженет, фактот што досега е неосудуван и постапка за друго кривично дело не се води, придонесот на обвинетиот за ефикасно завршување на кривичната постапка изразена преку признавањето вина за кривичните дела за кои се товари, изразеното каење, даденото ветување дека нема да го повтори тоа што го сторил, подготвеноста да го промени личниот статус и да се вклучи во нормалните текови на здравото општествено живеење, по мислење на советот на овој суд упатуваат на заклучок дека во конкретниот случај и со изрекување поблага казна затвор односно на единствена казна затвор во траење од 8 години, како и казна – забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од 5 години, сметано од денот на правосилноста на пресудата, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење, како во изреката на оваа пресуда доволно воспитно ќе се влијае врз обвинетиот во иднина да не врши ваков и сличен вид на кривични дела, како и позитивно да се влијае на планот на генералната превенција, со што ќе се остварат целите на казнувањето предвидени во чл. 32 од Кривичниот законик“, пишува во обрззложението на пресудата на Апелациониот суд Скопје.

Несреќата се случи на 17 декември лани, кога Николов, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час, на пешачки премин удри во малата Магдалена и нејзината мајка, а нивниот татко и сопруг за влакно го избегнал ударот. Девојчето од местото на ударот било отфрлено дваесеттина метри и веднаш почина. Нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

По несреќата, Николов избега и два дена се криеше, по што сам се предаде во полиција. Истражните органи го идентификуваа уште вечерта, откако на местото на несреќата беше пронајдена регистсрската табличка на неговиот мерцедес.

Три месеци по несреќата, по неколку одржани рочишта, судијката од велешкиот суд Габриела Гајдова му изрече 18-годишна затворска казна, која сега, со одлука на Апелациониот суд е намалена на 8 години и е правосилна, без право на жалба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...

Случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале бомба.

Вчера во 11:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба. Местото е...

Директорката Стефаноска и претставници на АППТ заедно со градоначалникот Пецаков, остварија средба со амбасадорот на Македонија во Р.Србија, проф. д-р Никола Тупанчевски.

Директорката на АППТ Стефаноска во посета на амбасадорот на Македонија во Р.Србија Тупанчевски Директорката Билјана Стефаноска и претставници на АППТ заедно со...

Полицијата пронајде дрога во Тетово.

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер На 21.02.2025 во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од...