16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПо европски терк се опремува и усовршува ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

По европски терк се опремува и усовршува ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ којшто периодов со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена oпрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристап до информации.

По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.

Во четиринаесет училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и 180 училишни клупи и столови за кои општината издвои 2. 900.000 денари.

Локалната самоуправа заедно со МОН и поддршка на ЕУ обезбедија лифт и тоалети за лица со посебни потреби кои веќе се ставени во употреба. Вкупната вредност на проектот е 6.000.000 денари.

Учениците од ЕМУЦ –Охрид освоија прво место на натпреварот GreenTechEntrepreneurshipChallenge во кој беа вклучени пет средни стручни училишта од Република Македонија. Од дизајнирање бизнис идеи базирани на зелени и одржливи технологии за најдобар беше избран проектот на охридските ученици. Тие изработија апликација за мобилен телефон за лоцирање депонии со цел побрзо решавање на овој проблем.

Неодамна во Скопје беше промовирана од петтата генерација на ученици кои се запишаа во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца годинава е четириесет и два и радува фактот што овој број од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...