19.7 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаОпштините потрошиле 770 илјади евра за прскање против комарци

Општините потрошиле 770 илјади евра за прскање против комарци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За прскање против комарци, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова, како што посочуваат од Центарот за граѓански комуникации, повикувајќи се на анализата направена врз податоците на сите договори за јавна набавка за комарци, значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.

<

Според анализата на ЦГК, 35 општини имале тендери за т.н. терестичко прскање, односно прскање од земја, а шест општини имале тендери за т.н. авионско третирање. Седум општини имале и земјено и воздушно прскање.

Најголем договор за уништување на комарците, како што се вели во анализата, има Град Скопје, кој лани за двегодишен третман против комарци од воздух и од земја, платил половина милион евра.

Во анализата наведено е дека од другите општини, повеќе пари за уништување на комарците платиле оние кои најмиле услуга за авионско прскање и тоа Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово и Штип.

Од вкупно 13 договори за јавна набавка за авионско прскање, 11 тендери добила кумановската фирма Бониер, додека останатите два, меѓу нив и највредниот, скопскиот, ги добил Аероклубот Скопје.

Кај договорите за уништување на комарците од земја, предничи кавадаречката фирма Лиса-Ком МС, со склучени 9 договори. Следен е Центарот за јавно здравје Скопје со 7 договори.

– Цените што ги плаќаат општините за оваа услуга се многу различни и зависат од тоа дали прскањето е авионско или до земја, од опфатената површина, но и од бројот на третмани бидејќи многу општини предвидуваат по неколку третирања во текот на годината. Сето ова ја отежнува и споредбата на цените. Како и да е, најевтино за еден хектар прскање плаќа Град Скопје, само по 11 денари за хектар прскање од земја, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Авионските прскања чинат од 216 денари за хектар колку што плаќа Град Скопје, до 2.230 денари за хектар колку што платила Карбинци.

– Кога станува збор за средството со кое се прска против комарци и ларви од комарци, општините не се многу прецизни во описот. Само две општини нагласуваат дека средството мора да биде еколошко, а други две општини наведуваат и какво средство или негов еквивалент би сакале. Како и да е, сите општини наведуваат дека средството мора да има решение за промет и да биде одобрено од Министерството за здравство, наведуваат од ЦГК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...