14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСо Бокурешкиот договор на денешен ден Македонија е поделена помеѓу соседните држави...

Со Бокурешкиот договор на денешен ден Македонија е поделена помеѓу соседните држави !!!!

На 10 август 1913 година беше потпишан мировниот договор во Букурешт како последица од Балканските војни, со кој всушност се изврши трајна поделба на македонскиот народ помеѓу четирите балкански држави (Грција, Србија, Бугарија и новоформираната Албанија).

Букурешкиот мировен договор е потпишан пред точно 105 години помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.

Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. Имено Кралството Романија со својата војска вршело постојан притисок од север, здружените војски на Србија и Грција напаѓале од запад, а отоманската војска вршела напади од исток.

Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир).

Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 км2 со 303.000 жители.

Веднаш по потпишувањето, т.е. на 11 август 1913 година, Австроунгарија, Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.

На 14 август, Русија ги отфрлила намерите за ревизија на договорот, па со такво барање останале само Австроунгарија и Бугарија, на кои остро им се спротиставувала Франција.

Букурешкиот мировен договор претставува единствен меѓународен договор што не ги потпишале сите големи сили и што бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот народ, чии претставници, од повеќе асоцијации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирале да се зачува идентитетот на македонскиот народ и единството и целината на македонската територија.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на балканските земји.

Веднаш потоа започнало асимилирање на македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија. Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.

Наведениве факти недвосмислено докажуваат дека балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на турските поседи во Европа. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...