19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМуртезани ни го плесна: Нема Албанец од Македонија кој ќе ја отпее...

Муртезани ни го плесна: Нема Албанец од Македонија кој ќе ја отпее „Денес над Македонија се раѓа“ како негова химна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема Албанец од Македонија кој ќе ја отпее „Денес над Македонија се раѓа“ како негова химна, изјави Орхан Муртезани од партијата Алтернатива и додаде дека ако некој верува во тоа тогаш има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

<

Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи, рече Муртезани и додаде дека претседателот Стево Пендаровски е албанофоб затоа што го нападнал косовскиот премиер Албин Курти.

Пендаровски сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека им е лојален кон „нив“ и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот“, рече Муртезани.

Посетата на косовскиот премиер ја одбележаа повеќе контроверзии, на што реагираше државниот политички врв. За време на настанот на кој улицата „Прва македонска ударна бригада“ беше преименувана во „Адем Демачи“ присутен беше Курти,а беа прекршени закони и протоколи за пречек на странски гости, не беше интонирана македонската химна, а наместо македонско знаме, се вееја само албански.

За ова, реакција имаше од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски и Кабинетот на претседателот Пендаровски кои побараа одговорност.

Неколку часа подоцна, во Тетово за време на посетата на Курти се вееше и знаме со т.н. „голема Албанија“, а МВР трага по лицето.

Градоначалникот Биљал Касами, кој е и организатор на настанот, потоа објави и спот со веењето на знамето, каде на Курти му посакува добредојде со песна која почнува со „Добредојде во Албанија“.

На пречекот на Курти, имаше и претставници од „Алтернатива“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...