4.4 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаНема “извини” кај министерот Спасовски: Висар Ганиу доби две прекршочни пријави, и...

Нема “извини” кај министерот Спасовски: Висар Ганиу доби две прекршочни пријави, и Касами е повикан во полиција

spot_img

Прекршочни пријави се поднесени против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

<

Градоначалникот денеска е повикан на разговор во Полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.

„Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата ‘Бит Пазар’ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни казни, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир“, рече Ганиу во изјава за медиумите пред ПС „Бит Пазар“.

Од Алтернатива реагираа со соопштение во кое стои дека во полиција покрај Ганиу бил повикан и лидерот на Беса, Билал Касами, а причина била иконографијата при посетата на премиерот на Косово.

На настаните во Чаир и Тетово не беа испочитувани македонските државни симболи. Во Тетово се вееше знамето на Голема Албанија.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека поднесе барања за поведување постапка против две општини и двајца градоначалници.

„Денеска (15.08.2023) Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К. Имено, за време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, г.Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија. Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон“, велат од полицијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...