30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМаричиќ: Имаме 72 – 73 пратеници за промена на Уставот

Маричиќ: Имаме 72 – 73 пратеници за промена на Уставот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За власта изборите не се решение за процесот на уставни измени и за деблокада на евроинтегративниот пат на земјава. Вицепремиерот Бојан Маричиќ оцени дека изборите би биле дополнителен изговор на опозицијата да не ги гласа измените, односно, според Маричиќ, ВМРО-ДПМНЕ потоа би рекла дека уставните измени не ги ветила во предизборната кампања. Маричиќ оцени дека опозицијата користи стратегија на чекање на подобар предлог, а до тоа би било тешко да се дојде. Затоа, како што додаде, власта наредниве недели ќе продолжи со разубедување на опозициските пратеници.

<

„Постојат два начина. Едниот начин е ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи целосно да даде поддршка под одредени услови, коишто беа разговарани и на лидерската средба којашто се одржа пред два месеци. Вториот начин е дел од пратениците да одлучат да гласаат за овие уставни измени, како што имавме случај пред пет години за претходните уставни промени. Јас не гледам трет начин“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот повтори дека власта е отворена за дијалог, па дури и за предлозите од опозицијата за дополнителни политички изјави од страна на ЕУ, доколку тоа е во согласност со преговарачката рамка. Прашан за тезата од ВМРО-ДПМНЕ дека Европа имала стратегија за разубедување на партијата во поглед на уставните измени, Маричиќ одговори:

„Кажаа дека не се вршат притисоци врз пратениците, за сега, неколку дена подоцна да се излезе со теза дека има некаков план за уништување на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека е тоа купување време и испраќање пораки кон своите поддржувачи само за да се оправда оваа неоправдлива и неодбранлива позиција на блокада на сопствената држава“, додава Маричиќ.

Маричиќ истакна дека моментот во кој спикерот Талат Џафери ќе закаже продолжение на седницата посветена на потребата за отворање на Уставот, ќе биде индикатор дека власта е блиску до двотретинско мнозинство. Засега, според него, поддршка за отворање на Уставот имало од 72 или 73 пратеници.

Лука Андреев Тв Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...