16.4 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден 1905 година, на битолскиот Ат-пазар со јавно бесење е...

На денешен ден 1905 година, на битолскиот Ат-пазар со јавно бесење е погубен Војводата Александар Турунџев.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден во 1905 година на битолскиот Ат-пазар, погубен со бесење е големиот македонски војвода Александар Турунџев.

<

Последните зборови на Турнџев биле: „Македонија ќе биде слободна!“

По таквиот извик, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил за да не им го овозможи тоа задоволство на душманите.

Тој е роден во 1872 година во с. Горно Врбени, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.

За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.

Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.

Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакувале не се осмелувале да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, поради големиот страв од Александар Турунџев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...