29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСтотици веројатно и илјадници пациенти наместо хемотерапија можеби примале физиолошки раствор на...

Стотици веројатно и илјадници пациенти наместо хемотерапија можеби примале физиолошки раствор на онкологија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стотици веројатно и илјадници пациенти наместо хемотерапија можеби примале физиолошки раствор на онкологија.

<

Полицијата и обвинителството два дена ја „тресат “ клиниката, но засега не се соопштуваат детали.

Од ОЈО информираат дека се извршени претреси на клиниката, но и во два приватни станови како дел од предистражна постапка и се прават за да се обезбедат докази за евентуално кривично дело.

Досега се одземени компјутерски податоци, компјутери и пишана документација.

Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови… Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, информираа од ОЈО.

Институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата побара актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. Тој преку соопштение ја поддржа акцијата на полицијата

Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата, напиша Меџити.

Акцијата доаѓа откако медиумите со месеци пишуваа дека на универзитетската клиника за онкологија има разработено криминална бизнис мрежа со препродавање лекови. Во истата наводно биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал .

Сомнежите се дека во системот биле внесувани и пациенти кои не боледуваат од карцином а лековите предвидени за нив завршувале на црниот пазар.

Сепак, најстрашниот дел е дека и дел од вистински болните од рак наместо скапа биолошка терапија веројатно добивале помали дози, па дури и само обичен физиолошки раствор.

Кристина Алексиеска Alfa

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...