27.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаВладата предлага намалување на затворските казни за функционерите !!!!

Владата предлага намалување на затворските казни за функционерите !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери. – Предлагачот на измените е Владата на чело со Димитар Ковачевски (Фото: СДК.МК)

<

Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик (КЗ) со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери.

Вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година на тогашните лидерски средби на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери од Владата на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИЛА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗАРАДИ СПАС ОД ЗАТВОР НА ГРУЕВСКИ И БИВШОТО РАКОВОДСТВО
„ЛУЃЕТО СТРАДААТ”, ВАКА ЧЕТВОРИЦА УСТАВНИ СУДИИ ПОБРЗАА ДА ГИ СПАСАТ ГРУЕВСКИ И НЕГОВИТЕ МИНИСТРИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ СО МИЛИОНСКИТЕ ТЕНДЕРИ
Веќе следната 2019 година, адвокат на обвинетите Миле Јанакиески и Никола Груевски неуспешно поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување или поништување на ставот 5 од членот 353 на Кривичниот законик, кој се однесува на кривични дела при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата.

Со сегашниот предлог на Владата, овој став се брише.

Потпишан на предложените законски измени е премиерот Димитар Ковачевски и во образложението се вели дека тие произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

М. ИЛИОСКИ
СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....