15.4 C
Ohrid
понеделник, септември 8, 2025
ПочетнаМакедонијаЗакани за Гавазова и Грујовски по вчерашниот настап на настан од СДСМ

Закани за Гавазова и Грујовски по вчерашниот настап на настан од СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако вчера по повод Денот на независноста на Македонија настапија на настан во Пеленица, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода, фолк музичарите Благоја Грујовски и Сузана Гавазова се најдоа на мета на вербални напади и закани од наши иселеници во Австралија, пишува Фокус.

<

Музичарите кои се чести гости кај нашата дијаспора, на социјалните мрежи добија пораки да не помислуваат повеќе да стапнат во Австралија.

На страницата на невладиното здружение Македонска Коалиција им ги упатија зборовите – Ќе видите кога ќе ви дојде времето пак да печалите во дијаспората! Нема да стапнете повеќе тука, држете го СДС и другите кркачи!

Актуелни се и пораките и коментарите кои ги објавија голем број на наши иселеници, кои потсетуваат дека и Елена Велевска не поминала добро на нејзината турнеја во Австралија во 2017 година.

Имено, тогаш иселениците повикаа на бојкот на нејзините концерти, бидејќи во бугарска ТВ емисија кажала дека песните ,,Кажи, кажи облаче ле бело” и ,,Јовано, Јованке” биле бугарски. Велевска тогаш појаснуваше дека изјавата и е извадена од контекст и се работело за недоразбирање, но и до денес во Австралија се спомнува тој настан.

Читај повеќе на Фокус.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нови детали за малиот Петар кој мистериозно исчезна во Прилеп

Македонската јавност добро се сеќава на прилепчанецот Петар Џобески, тогаш десетгодишно момче, кое исчезна во селото Врпско каде неговите родители чувале пчели. Оттогаш поминаа три...

Хоспитализирани 13 лица по пожарот во Макпрогрес Виница, сите се во стабилна здравствена состојба

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се...

„Претседателката доби гордо македонско куче – Караман

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска во Охрид доби подарок пес Караман кој се очекува наскоро да биде признаен за автохтона македонска раса. ,,Денеска остварив средба...

Пијан скопјанец со тротинет влетал во група луѓе кои протестирале!

Лишен е од слобода скопјанец кој пијан управувајќи тротинет, не застанал на полициска наредба, по што влетал во група луѓе што протестирале во Општина...