6.9 C
Ohrid
вторник, април 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПет лица загинале, а 54 се повредени во сообраќајни несреќи годинава и...

Пет лица загинале, а 54 се повредени во сообраќајни несреќи годинава и лани на патот од Кичево до Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пет лица загинале, а 54 се повредени во сообраќајни несреќи годинава и лани на патот од Кичево до Охрид, каде десет години траат градежните работи за изградба на автопатот. Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски, и сѐ уште не е завршен, ниту пак ќе биде годинава.
Според податоците на СВР Охрид, во 2022 година случени се 3 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 3 лица и 13 сообраќајни несреќи во кои 20 лица добиле тешки телесни повреди и 14 лица лесни телесни повреди. Во 2023 година во две сообраќајни несреќи животот го загубиле 2 лица, додека во 14 сообраќајни незгоди 19 лица имале тешки телесни повреди и едно лице поминало со лесни телесни повреди.

<

Лани во ноември премиерот Димитар Ковачевски на увид на градежните работи на автопатот кажа дека се работи со засилено темпо и дека очекува да биде готов до крајот на 2023 година. И министерот за транспорт и врски Благој Бочварски неколку пати повторуваше дека до крајот на 2023 година градежните работи ќе бидат завршени-јавува Сдк.Мк

Но, на терен градежните работи не се одвиваат со засилено темпо. Ниту еден дел од автопатот не е комплетно завршен, па и понатаму е мачно и опасно да стаса до Охрид. Во моментов, градежни машини и работници има само во делот пред влезот на Охрид.

ОЧЕКУВАМ АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД ДА БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА НАРЕДНАТА ГОДИНА, КАЖА КОВАЧЕВСКИ
АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД МОРА ДА СЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА 2023, ЌЕ НЕМА ПОВЕЌЕ ОТСТАПКИ, КАЖА БОЧВАРСКИ
ДО КРАЈОТ НА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ 20 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО, РЕЧЕ БОЧВАРСКИ
Министерот Бочварски, за разлика од лани, сега не кажува кога ќе биде готов автопатот што се гради десет години.

„Стоиме на ставот дека сите патишта кои ги започнавме треба да направиме максимални напори да ги завршиме, како и автопатот Кичево-Охрид, кој го затековме со голем број проблеми. Проблемите се решаваат и отстрануваат, а веќе се поставува и третиот слој асфалт. Ние правиме притисоци да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Ќе почне асфалтирање на третиот слој од Охрид кон Подмоље, продолжуваме кон аеродромот во Охрид, Ботун и кон Кичево. Правиме притисоци фирмите да си ја завршат работата, бидејќи институциите својата работа ја завршија“, рече Бочварски минатата недела на увид на градежните работи за рехабилитација на автопагтот Скопје-Тетово.

РОКОТ ЗА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД ПРОДОЛЖЕН ДО 2021 ГОДИНА, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ
Автопатот Кичево-Охрид до овој момент со сите анекс договори чини преку 600 милиони евра. Започна да се гради на 22 февруари 2014. Кредитот за оваа капитална инвестиција беше земен од кинеската банка „Ексим“ и државата треба да го врати за 20 години. Во октомври 2013, Собранието го одобри кредитот, а во ноември беше потпишан договорот меѓу македонската Влада и кинеската компанија.

КИНЕСКИОТ АВТОПАТ ПРИСТИГНА ВО СОБРАНИЕ, ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ОДОБРАТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГРАДБАТА
Тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ вети дека новиот автопат ќе биде готов за 4 години, до 2018 година. Но, со доаѓањето на власт на СДСМ во 2017, беше кажано дека проектот е утнат, има еден куп нерешени проблеми на трасата. Првичниот проект претрпе промени поради несовпаѓање на проектираната и изведената траса, градежните активности беа сопрени, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и беше потпишан нов анекс договор со кинеската фирма од дополнители 185 милиони евра.
Sdk.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ „удри“ по тетовска Шкендија: Oгледаjте се на Шкендија Арачиново

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на...

Лена од Кочани бара психолошка помош за нејзиниот син Александар кој помагал цела ноќ за вадење на жртвите од Пулс

На социјалните мрежи на својот фејсбук профил, Лена Мишева се огласи со апел за помош во кој вели: Сакам да дојде до знаење дека мојот...

Лажни хуманитарци од врата на врата собираат донации за настраданите и повредените во „Пулс

Лажни хумантарци деновиве биле забележани во Кочани и населените места барајки пари кои наводно ќе бидат наменети за настраданите и повредените во трагичниот пожар...

Уапсен член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека на 30 март 2025 година е уапсен полициски службеник осомничен за оддавање службена тајна. Според информациите, станува...