20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија и го врати на Македонија првото летало произведено во Скопје

Србија и го врати на Македонија првото летало произведено во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првото домашно летало на македонската авијација “Илинденка” се врати во Македонија. Изработена пред речиси 70 години, во скопската фабрика за воздухоплови “20 Мај” станала белег на Македонија, а ќе остане запаметена по своето учество на светското едриличарско првенство во Полска, во 1958 година, како дел од тогашната репрезентација на СФРЈ угославија.

<

Но оттогаш, таа се наоѓаше во Воено техничкиот музеј во Белград, а денеска повторно се врати во нашата земја каде што и беше произведена, а посетителите имаа можност да ја видат на спортскиот аеродром Стенковец, на аеромитингот по повод 100 години македонска авијација.

“Оттогаш до денес овој воздухоплов беше во Воено техничкиот музеј во Белград, и благодарение на одличните односи коишто ги имаме и со претседателот на Србија, со министерот за надворешни работи Србија и благодарение на нивна помош на директорот на ВТМ во Белград, овој воздухплов денес е во Скопје каде што му е и местото.”

Министерството за одбрана на Србија им ја отстапи Илинденка на организаторите на настанот, а српските власти велат ова е уште еден доказ за пријателството помеѓу Македонија и Србија.

“Илинденка на симболичен начин сведочи за блиската поврзаност на нашите две земји и во областа на воздухопловството”

Денеска на аеродромот Станековец, поранешни авијатичари кои управувале со моделите на Илинденка дојдоа да ја видат после толку години првата македонска едрилица и пред нашата камера се потсетија на авијатичарските денови.

Во чест на 100 годишнината на македонската авијација, од формирањето на првиот авио клуб денеска на аеромитингот учество земаа 30 различни воздухоплови од Македонија и од странство, едриличарите изведуваа акробатско летање, а имаше и прелети во група, како и прелети со патнички авион. Падобранците го вееја и македонското знаме при нивното слетување, а специјални гости беа воздушните сили на Грција, Србија и Италија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...