9.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПаразит го јадел тревникот на арената „Тодор Проески”

Паразит го јадел тревникот на арената „Тодор Проески”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое управува со арената, велат дека станува збор за болеста „Питиум“ (растителен паразит) и дека првите проблеми се појавиле кон крајот на јуни. „Од страна на нашите стручни служби веднаш беше пристапено кон третирање на болеста и ново просејување со семиња и прихрана. Квалитетот на теренот беше доведен до задоволително ниво, поради што УЕФА даде зелено светло за одржување на натпреварот со Италија. Сепак, кусиот период до следниот натпревар, во случајов со Италија, не дозволи целосна реконструкција, а дополнителен проблем беше и фактот дека во меѓувреме на стадионот беа одиграни неколку клупски меѓународни натпревари поради кои тревата дополнително се оштети“, велат од компанијата…

<

Еден гол. Еден бод. Во светот на фудбалот некогаш доволно за шампионска титула. За македонски услови… против четирикратен светски шампион, двократен европски и еднаш олимписки…бод голем колку планина. Но колку лошата состојба на теренот на арената „Тодор Проески“ придонесе за финален резултат 1:1 против Италија?

„Беше многу тешко да доминираме на ваков терен“,

изјави италијанскиот селектор Лучијано Спалети.
“Chiedo scusa a tutti gli italiani“ „Им се извинувам на сите Италијанци“ изјави за италијанскиот национален сервис РАИ, фудбалерот на македонската репрезентација и шампион на Серија А со Наполи, Елиф Елмас.

Никој не се извинуваше, но месец и половина пред Италија, за теренот на Националната арена „Тодор Проески“ се жалеа фудбалерите на Левски од Софија, кога му гостуваа на Шкупи во рамките на квалификациите за Лигата на конференции.

Дел од домашниот печат тогаш критиката ја насочи кон бугарскиот клуб, дека „Бугарите дојдоа во Скопје и најдоа маана“ или дека „Бугарите го нарекоа „нива“ теренот во Скопје.“

Како и да беа примени овие поплаки дома, останува фактот дека теренот на националната арена служеше за потсмев на насловните страни на италијанските, а претходно и бугарските медиуми. Зошто се дозволи такво нешто и како да не се повтори?

За разлика од бугарскиот тим, италијанските репрезентативци одлучија воопшто да не тренираат кога дојдоа во Скопје за дуелот со Северна Македонија на 8.Септември. Само се прошетаа по теренот, за да нема дополнителни оштетувања и евентуални повреди на играчите.

Но, за стручњаците, теренот е ист за сите. Мудроста во фудбалот е тактичката поткованост. За шампионскиот стратег Лучијано Спалети, кој дебитираше на клупата на Италија, натпреварот во Скопје се покажа разочарувачки. Една од причините за неочекуваното реми во Скопје, Спалети го припиша на теренот.

„Разочарани сме што не ја искористивме предноста, но беше многу тешко да доминираме на ваков терен. Тие успееја да го искористат единственото решение кое го имаа, а тоа е да го освојуваат теренот преку високи нафрлувања и отскокнувања на топката“,

изјави селекторот на Италија.
Терените низ светот бележат паралелен напредок со технологијата, не и „Градски“

За повеќе детали на 360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...