12 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаОсмани до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка припадност

Османи до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка припадност

Македонците во Албанија слободно да ја изразат и потврдат својата етничка, јазична религиска и идентитетска припадност, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, упатувајќи порака до сите Македонци во Албанија во врска со актуелниот попис кој се спроведува во таа земја.

Османи во своето обраќање вели дека Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество и „никој не треба да се плаши да ја изрази својата националност“.

„Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет без да се грижи за било какви последици од тоа. Со тоа, вие дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави“, рече Османи.

Министерот за внатрешни работи во говорот ги потенцираше и, како што рече, добрите односи кои нашата земја ги негува со Албанија.

„Северна Македонија и Албанија се повеќе од соседи, земји со исклучително пријателски односи, и ние ќе останеме во интензивна комуникација со вас исто, како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашања коишто ве засегаат вас Македонците“, додаде Османи.

Претседателот пак на бугарската организација Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, на Фејсбук им порача на жителите на Пустец дека ако на пописот не се определат како етнички бугари, во тој случај бугарските пасоши ќе им бидат повлечени.

Пред самиот почеток на пописот во Албанија пак, Бугарската потпретседателка Илијана Јотова, замина во посета на Албанија, на средби со претставници на бугарското малцинство.

Албанија во октомври 2017 година официјално призна постоење бугарско национално малцинство во земјата, а Бугарија и пред тоа, но посебно по признавањето, активно дејствува на терен меѓу населението, делејќи книги и учебници и давајќи стипендии за студирање во Бугарија на албански граѓани што се изјаснуваат како Бугари.

Албанија го започна пописот на населението на 18 септември годинава, а според најавите, процесот на собирање на податоците од терен треба да заврши за шест недели, односно на 30 октомври.
radio.slobodna.evropa

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Петкоска: Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани-Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите!

Почитувани граѓани на Република Македонија и мои драги охриѓани! Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите! Убедена сум...

Сашо Донев: Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања- Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Драги сограѓани, Мои Охриѓани, Неизмерно Ви сум благодарен за поддршката која што ми ја дававте во оваа кампања. Вашата енергија ми дава убедување дека се’ уште...

Полиција во домот на родителите на Боки 13 во моментов, подкастот е паузиран

Во моментов е вториот дел од интервјуто на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во студиото на Лазаров. Во самото интервју кое е во живо...

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...