20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаЖителите на областа Голо Брдо во Албанија со гордост кажуваат дека зборуваат...

Жителите на областа Голо Брдо во Албанија со гордост кажуваат дека зборуваат македонски јазик.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност, коегзистирајќи на дијалектно рамниште. Минатата година, Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика, изврши теренско истражување во областа Голо Брдо. Посети неколку села, контактираше со голем број мештани и направи текстуални и аудиозаписи од истражувањето кои се објавени во 2022 во монографијата „Голобрдскиот говор“.
Голо Брдо е претежно планинска област која се наоѓа во источниот дел на Албанија, односно југозападно од Дебар. Во областа Голо Брдо спаѓаат 21 село. Тие не се многу големи, ако се има предвид бројот на куќите. Овие куќи во најголем дел од годината се празни. Основни занимања на населението се земјоделството и сточарството, а мажите масовно работат како ѕидари и дрводелци по целиот Балкан, главно, во Албанија, Грција и Хрватска, но печалат и во Италија и Германија. Селата живнуваат по мај, а најмногу народ има во летниот период, особено во август, кога се прават свадбите кои траат неколку дена. Жителите на Голо Брдо во последните години живеат под постојан општествено-политички и економски притисок, фактор што придонесува за раселување. Кога зборуваме за говорот на жителите од оваа област, тој спаѓа во западните периферни македонски говори и ги содржи сите карактеристики на македонското западно наречје. Голобрдскиот говор е зачуван и неизменет долги години. И ден-денес, повозрасните мештанки знаат да го говорат само нивниот мајчин јазик, голобрдскиот, а не го разбираат и не го говорат државниот, албански јазик. Причината е едноставна, тие не посетувале училиште ниту еден ден. Помладите го учат албанскиот јазик во школо, но дома го зборуваат и негуваат голобрдскиот говор. Телевизија следат на македонски јазик“, вели Петровска.

<

При теренското истражување, Петровска голема поддршка добила од Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Елса Џелили, координаторката на друштвото за округот Елбасан и од Сабина Џелили, која и претходно работела на слични проекти поврзани со транскрипција на дијалектни говори.

„Историски гледано, голобрдскиот говор се формирал на поширок простор по левата страна на реката Дрим. Ја опфаќа географската област Голо Брдо. Во својата основа, тоа е дебарски говор. Во потесна врска стои со централната говорна област (Поле, Жупа, Малесија), со која граничи на север и исток. Но, во него наоѓаме и особености кои во другите околни говори се непознати и кои го карактеризираат како посебна дијалектна индивидуалност. Говорот на селото Требиште имаше централно место во нашите истражувања. Одејќи накај ова село по тесни и неасфалтирани патишта, неколкупати заталкавме, па моравме да се враќаме назад. Попат ги прашувавме луѓето за патот. Ги прашувавме на македонски јазик, а нивните одговори беа на преубав местен македонски говор. Требиште е прекрасно село оддалечено десетина километри од границата, а го сочинуваат три маала, Горна Маала, Долна Маала и Она Маала, односно при брз разговор Гурну Мала, Дулну Мала и Уну Мала“, вели Петровска.

Голо Брдо е една од најсиромашните и најмалку развиени општини во Албанија. Комуникацијата со другите региони е крајно отежната поради лошите патишта, па телевизијата останува најчест облик на информирање и најмногу се гледаат македонските програми.
За повеќе детали на СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...