Шестмесечно бебе со вродена аномалија на черепот денеш беше оперирано на Клиниката за неврохирургија. Операцијата, која траела неколку часа на крај завршила успешно, а за неа информираше поранешниот министер за здравство и неврохирург, Венко Филипче. Малиот пациент доби шанса за успешен раст и развој.
„Денеска со мојот тим на Клиниката за неврохирургија имавме исклучително сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе. Нашиот мал пациент имаше вродена аномалија на черепот, неговата состојба беше комплексна и мораше веднаш да се оперира како не би дошло до поголеми компликации. Операцијата која траеше неколку часа, помина во најдобар ред и со помош на оваа интервенција на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст и развој“, напиша Филипче на фејсбук.