21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДисциплинска постапка за началник на МВР кој на ФБ го поддржува Хамас

Дисциплинска постапка за началник на МВР кој на ФБ го поддржува Хамас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапува по случај со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел.

<

Од МВР информираат дека „против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции“.
Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир“ се вели во соопштението на Министерството.

Ова доаѓа откако поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска објави на социјалните мрежи дека близок соработник на заменик-министерот на МВР, Назим Буши, отворено застанал на страна на Хамас во ситуација кога Владата му дава поддршка на Израел.

„Во време кога светот и Македонија застануваат и даваат недвосмислена поддршка за Израел и ги осудуваат терористичките напади на Хамас, висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел. Имено, станува збор за Аднан Синани, началник во Одделот обезбедување во Министерството за внатрешни работи и лице кое работи како лично обезбедување на Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Работа која вклучува ВИП обезбедување, учество во домашни и странски делегации и присуство на меѓународни настани. Претходно, на социјалните мрежи тој имаше јавен пост во кој има недвосмислени елементи на говор на омраза што е кривично дело предвидено во Кривичниот закон“, напиша Чулев на социјалните мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...