21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаКолегите раскажуваат за последните денови од животот на Даки: Му откажа црниот...

Колегите раскажуваат за последните денови од животот на Даки: Му откажа црниот дроб, зад себе го остави синот Стефан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Колегите не се ни сомневале дека минатонеделникот концерт на „Танец“ ќе биде негов последен настап, нивна последна средба, бидејќи веќе од утре дента заминал на боледување. Неговиот последен настап бил минатата недела.
Не ми помислувавме дека тој настап ќе биде наша пследна средба. Излезе на сцена, испеја само како што тој знаеше, најдобро, и замина на боледување. Последните денови здравјето ептен му се влошило и завршил на клиника до последно кога му откажал црниот дроб, велат негови колеги за ММС.

<

Незаборавни ќе останат не само неговите фолк песни, туку и преработките на стари македонски песни во етно стил.

Но, и покрај неговите квалитети не успеа да го постигне тоа што го планираше, а имаше големи цели. И оправдани беа неговите очекувања, бидејќи беше свесен за квалитетот. Апсолутен слухист, добар композитор, а за вокалот да не зборуваме, велат негови колеги.

Далибор или Даки, како што сите го викаа, целиот својот животен и професионален пат со мзиката, која е негова љубов и определба уште од најрана возраст,преку нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Како што информира неговата матична куќа, тој во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварува 363 концертни настапи, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапи во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.

За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија.

Далибор зад себе го остави синот Стефан, за кој длабоко од душата посакуваше да чекори по неговите стапки, па дури и му направи песна за детско фестивалче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...