16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонија80-годишна Охриѓанка 50 години работи на железничка станица во Австралија- Вели ќе...

80-годишна Охриѓанка 50 години работи на железничка станица во Австралија- Вели ќе се пензионирам на 100 години !!!

spot_imgspot_img

Родена во селото Вапила во близина на Охрид, Весела Грујоска мигрирала со нејзиното семејство во Австралија во 1970година и веќе 50 години работи како чистачка во Централната железничка станица во Сиднеј и речиси никогаш не зела боледување.

Денеска, на 80-годишна возраст, Весела е се уште на своето работно место и не размислува за пензија. Тајната зад нејзината ментална и физичка подготвеност е нејзиното животно мото, кое и’ помага да изршува работа за која треба многу енергија.

Работата ве одржува здрави и млади. Да не се прави ништо би било катастрофа”, вели Весела за sbs.com.au

На прашањето од луѓето кога планира да се пензионира, Весела вели:

“Ќе се пензионирам, можеби, кога ќе наполнам 100 години, но можеби нема ни тогаш”

Станицата каде работи, неодамна организирала и специјален ручек во чест на Грујоска, а во нејзина чест, едно од возилата за влечење багаж го добило името по нејзиниот прекар “Веса”.

По нејзиното пристигнување во Австралија, Грујоска работела во фабрика за неделна плата од 29 долари, а во 1973 година се вработила во железничката станица “Рокдејл”.

И по 50 години таа е уште тука. Насмеана, позитивна и посветена секој работен ден.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...

Велигденски хуманитарен базар во Охрид!

Велигденски хуманитарен базар во Охрид! На плоштадот Крушевска Република, денес, се одржа Велигденски базар, кој имаше хуманитарен карактер. Манифестацијата беше збогатена со културно забавна програма...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел...

Разбојништво во струшкото село Враништа !!

На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет...