6.9 C
Ohrid
среда, јануари 22, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела...

Филипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела цитостатици

spot_img

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на денешната седница на собраниската Анкетна комисија за Клиниката за онкологија одговарајќи на прашањата на пратениците истакна дека до него додека бил не стигнала информација оти во 2020 година на Клиниката за онкологија имало медицинска сестра што крадела терапија и пак била вратена на работа.

<

-Не стигнала до мене информација дека се истражува или дека се случила таква работа тогаш, рече Филипче на Анкетната комисија, што истражува евентуална политичка одговорност за скандалот Онкологија.
Екс-министерот за здравство нагласи дека во неговото министерување се донеле лекови за сите пациенти кои дотогаш ги немало во државата.

-Политичката одговорност треба да се бара претходно, зошто немало лекови, односно имало, ама само за мал број пациенти…Ако имало криминал во мое време, тоа е во рамките на други истражни институции, не на министерот за здравство, рече Филипче.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија за онкологија, Рашела Мизрахи го праша Филипче како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.

-Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата, праша Мизрахи.

Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања.

-Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација, му посочи Мизрахи на Филипче.

Филипче истакна дека сите набавки се прават врз основа на листа и спецификации на лекови кои што доаѓаат од клиниките.

-Сите набавки се прават врз основа на листа и спецификации на лекови кои што доаѓаат од клиниките. Тоа е тој документ кој Министерството го добива и прави еден процес на набавка. Значи, целата таа спецификација доаѓа со овластување таа да се спроведе од Управниот одбор на институцијата. Управниот одбор ја дава листата на лекови и спецификации, количини и пресметани итн.. со овластување тоа да го направи Министерството. И тоа е стигнато како документација од сите клиники за кои таа постапка е направена. Не знам зошто ја проблематизирате? Не знам дали сакате да политизирате или не? Меѓутоа, таа постапка им обезбеди најсовремен третман на сите пациенти кои што до тогаш тоа го немаа во континуитет без никаков прекин во целокупниот тек на лекувањето, рече тој.

Околу економскиот директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, чија мајка лежела на Онкологија и била на листата за чекање за лекови а не била болна од рак, екс министерот рече дека немал многу време за да соработува со него, но дека „се нашол“ додека траела епидемијата со Ковид-19. Лично сепак смета дека треба да има само еден директор на клиниките и тој да биде од медицинската фела која ја разбира работата.

Седницата на Анкетната комисија за Онкологија продолжува и попладне со сослушувањето на актуелниот министер за здравство Изет Меџити.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...

Синот за Водици го фатил крстот, а таткото следниот ден освои џекпот – Радост кај македонско семејство

Пребарај.. МАКФАКС МАКФАКС МакедонијаСинот за Водици го фати крстот, а таткото следниот ден освои џекпот – радост кај македонско семејствоОбјавено пред 28 минути - 22 јануари,...

Ми опадна косата и ставена ми е вештачка“ – Боки 13 проговори за болеста

Овојпат, се огласи самиот Боки 13 и проговори за својата здравствена состојба. „За да престанат шпекулациите и дезинформациите, нема проблем еве јас ќе ви кажам!...

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.

11-годишен ученик е тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп. Ученикот со тешки телесни повреди е примен во...