18.2 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски се пофали: Конечно се заврши и отвори DIAMOND MALL во Скопје....

Груевски се пофали: Конечно се заврши и отвори DIAMOND MALL во Скопје. Честито.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Конечно се заврши и отвори DIAMOND MALL во Скопје. Честито. Зборот “конечно” не се однесува на сопствениците на ДАЈМОНД МОЛ. Се однесува на препреките низ кои помина овој проект започнат пред 15-16 години.
Претходно ова парче земја една година се подготвуваше од правен аспект за да може да се даде на продажба на јавен тендер со електронско јавно наддавање, каде ова неуредено парче земја кое дотогаш беше “ругло” на центарот на градот се продаде. 
Го купи англиски инвеститор, и веднаш тогашната СДСМ во опозиција започна напади дека нешто им било сомнително бидејќи купувачот бил бизнисмен близок до тогашниот премиер на Обединетото Кралство, а тој бил во Македонија да гледа фудбалски натпревар заедно со Премиерот, па се сретнал со некој бизнисмен, а тој бизнисмен бил близок со овој или со оној и бил ваков или онаков…и така брзо приказната се пренесе во британските медиуми.
СДСМ ја постигна целта, да се одложи градбата. По повеќе години застој, веројатно за да не му прават политички проблеми на тогашниот англиски премиер, сопственикот од Англија ја продаде фирмата со земјиштето на турскиот холдинг Лимак.

<

Наместо да бидеме среќни и независно кој е на власт да се потрудиме како мала земја да имаме придобивки ако странски инвеститор близок до некој од премиерите на најсилните земји инвестира во Македонија, спротивно тогашното деструктивно раководство на СДСМ правеа се да го избркаат тој инвеститор.

Среќна околност е што и новиот инвеститор Лимак од Турција е крупен и моќен инвеститор и она што го започна во годините кога ја предводев владата,еве веќе го завршува.

Се заврши најпрвин хотелот Лимак и објектот кој е наменет за бизнис центар, кои беа во напредна фаза на градба кога заминав од Македонија…Се завршија и две од зградите и има уште неколку работи да се довршат. Се заврши и шопинг центарот. Освен што отворија нови работни места, овие објекти го разубавија градот на место кое претходно беше прилично запуштено. Убаво е што сега власта гордо се рашетува таму и сече ленти.

На холдингот Лимак му ги овозможивме сите услови брзо да започне и без пречки да работи бидејќи предводев влада која ефективно и успешно привлекуваше и даваше добра услуга на инвеститорите, па тие го ширеа добриот глас до други инвеститори.

Ако денес се случи СДСМ да донесе инвеститор многу близок на Премиерот или најмоќниот човек на Англија, Франција, Германија, Америка, Италија итн, независно со кој бизнисмен во земјата се познаваат и среќаваат и дали е тој близок до една или друга партија, јас никогаш не би им правел ситуација со која тој инвеститор ќе крене раце од земјата и нејзината деструкција и ќе замине.

Партиските борби и натпревар не треба да се во правење пречки на другата конкурентска партија да успее во реализација на привлекување инвестиции, туку во тоа кој повеќе и поквалитетни инвеститори ќе донесе кои постепено ќе го менуваат животот на граѓаните на подобро.
Така државата и сите во неа добиваат.

Друго е прашањето што во тој дел немаме со што да се споредуваме…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....