27.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаОтец Фотиј (Александар Костовски) депортиран од Косово во Македонија

Отец Фотиј (Александар Костовски) депортиран од Косово во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општина Звечан, отец Фотиј, кој е државјанин на Македонија и чие граѓанско име е Александар Костовски, депортиран е од Косово во Македонија од страна на косовската полиција по итна постапка и без никакво објаснување, јави дописникот на МИА од Белград.

<

Отец Фотиј е роден 1981 година во Скопје, а во Рашко-Призренската Епархијата на СПЦ е од 2004 година. До 2009 година служел како свештеник во манастирот Сопоќани и во Грачаница, каде што поминува најмногу време, а таа година поставен е за игумен на манастирот Девина вода кај Звечани, каде што непрекинато живее 13 години извршувајќи ги монашките должности, соопшти Рашко-призренската епархија.

Во согласност со косовските закони, отец Фотиј, како граѓанин на Македонија, кој како и другите свештеници од нашата епархија кои немаат косовски документи, секоја година аплицираше за дозвола за престој во последните пет години. Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено, се наведува во соопштението.
Од Рашко-призренската епархија наведуваат дека на игуменот на манастирот, иако имал одобрена дозвола за престој до 11 ноември 2023 година, му било кажано „дека мора веднаш да оди во притвор и дека ќе биде депортиран од Косово, како и дека сите негови претходни барања и дозволи за престој во Косово се откажани и дека неговиот понатамошен престој во Косово ќе биде нелегален“.

Во документот што му е доставен, цитирани се членови од законот кои се однесуваат на „причини од национална безбедност“ без да се наведе каква било кривична или друга одговорност, се вели во соопштението.

Откако бил принуден да се согласи на депортација, на отец Фотиј привремено му бил одземен пасошот на Македонија и мобилниот телефон, темелно претресено му е возилото, на што посведочил претставник на ЕУЛЕКС, по што со полициска придружба бил депортиран до границата со Македонија, каде му е вратен пасошот и телефонот, со забрана за влез во Косово во следните пет години.
На депортацијата реагираше денеска и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ кој изјави дека „протосинѓел Фотиј, кој со години го регулираше престојот на Косово во согласност со административните процедури на Приштина, без никаква причина и објаснување е депортиран во Македонија од каде што потекнува, а ниту присутните претставници на меѓународните организации не успеаја да го спречат овој акт на насилство“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...