9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот народ смета дека со Преспанскиот договор се изврши делегитимација на македонскиот...

Македонскиот народ смета дека со Преспанскиот договор се изврши делегитимација на македонскиот народ и на македонската држава, вели кандидатот за претседател Вело Марковски.

spot_img

Огромно мнозинство од македонскиот народ смета дека со Преспанскиот договор се изврши делегитимација на македонскиот народ и на македонската современа држава. Договорот за добрососедство го руши нашиот македонски идентитет и македонски јазик – порача денеска во село Папрадиште (Велешко), независниот претседателскиот кандидат проф. д-р Вело Марковски по повод одбележување на 145 години од раѓањето на големиот македонски деец Димитрија Чуповски.

<

Тој ја објави Платформата за коалицирање на претстојните претседателски избори со граѓани, граѓански здруженија и политички партии.

Како независен кандидат за Претседател, јас Вело Марковски, рече дека двата договори ги гледам како еден повеќедецениски процес со кој се остварува целта за културоцид, етноцид и на крај геноцид на македонскиот народ. Уште од крајот на 19 век се спроведува смислен план кој кулминираше со поделбата на Македонија во 1913 година и Првата светска војна во која половина од населението на Македонија беше убиено.

По осамостојувањето во 1990 година, соочени сме со постојани непријателски дејствија, притисоци и планови за делегитимација и асимилација на македонскиот народ. Притоа, Грција и Бугарија ги гледам само како извршители кои имаат свои интереси, и имаат свои ментори во новата глобална политика и распределба на сферите на интереси. Денес постои реална опасност Македонија да го изгуби државотворниот народ со промена на идентитетот, јазикот и нацијата и да постане територија“ рече Марковски.

Марковски порача дека се обврзува на коалиција со граѓани, граѓански здруженија и политички партии врз основа на следниве принципи од платформата за коалицирање:

„- ОЧЕКУВАМ ПОДДРШКА ОД СИТЕ ГРАЃАНИ без разлика на партиската определба. Ќе прифатам поддршка од сите, освен од поединци и партии кои макар и со една изјава го негирале повеќемилениумското постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик и повеќевековното постоење на современата македонска нација.

– ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ. Нема промена на Уставот по ничиј диктат и по цена преговорите за влез во Европската Унија да бидат прекинати. Преговорите ќе продолжат откако ќе добиеме цврсти гаранции и рокови за проширување на Европската Унија. Преговорите ќе се одвиваат исклучиво врз основа на копенхашките критериуми и реалните остварувања во областа на почитување на човековите, здравствените, социјалните и економските права на сите граѓани кои живеат во Македонија.

– ПОЧИТУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ преку почитување на човековите права, правна држава, економска сигурност и борба против корупција на високите функционери. За спроведување на овој принцип, не ни требаат бескрајни преговори, туку квалитетна промена во поттикнување на народот да ги оствари своите здравствени, економски и социјални права.

– МАКЕДОНИЈА СПАЃА ВО ЗЕМЈИТЕ ПОБЕДНИЦИ во Втората светска војна и природно е свои стратешки партнери да гледа во земјите постојани членки на Советот на безбедност на ОН, а тоа се Русија, Кина, САД, Франција и Ангија. Регионални стратешки пријатели гледам во Турција и Србија.

– МАКЕДОНИЈА ИМА СЛОБОДА, ПРАВО И ИНТЕРЕС да ги развива своите надворешни односи со сите големи политички, економски и воени сили во Светот (САД, РУСИЈА, КИНА, ИНДИЈА, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ЕВРОПСКА УНИЈА) и да соработува со економски блокови и организации од сите континенти како што се Европската Унија, БРИКС, Евроазиската економска унија и други.

– ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА и во делот на други ингеренции на Претседателот на Македонија, ќе биде правен избор на луѓе исклучиво врз основа на нивната стручност и професионалност. Нема да биде толериран избор на луѓе врз основа на личен интерес или непотизам. Ќе се бара годишно преоценување на работата на нашите дипломатски претставништва.

– ИДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ќе води активна политика за обединување на граѓаните од секоја националност, религија или политичка припадност. При тоа, кохабитација меѓу Претседателот и партиите мора да има, ама основен услов е да биде задоволен интересот на народот и државниот интерес, а не интересот на партиските лидери. Затоа идниот Претседател на Македонија ќе стави вето и нема да потпише закон кој е спротивен на македонските национални, политички и економски интереси.

– СЕКОЈ ГРАЃАНИН СИ ЈА САКА ТАТКОВИНАТА, СИ ЈА САКА МАКЕДОНИЈА. Сите граѓани кои си имаат своја религија, и на свој начин го слават бога, се добри граѓани сè додека веруваат во религии во кои човекот, хуманоста, грижата за природата и животот во сите облици, се во центарот на тие религии. Македонија ќе биде успешна со максимално залагање на сите: и православни христијани, и муслимани, и католици, евангелисти, протестанти…“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...