19.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ се простува со Илија Жупаноски, борец против дезинформации, владин советник за...

СДСМ се простува со Илија Жупаноски, борец против дезинформации, владин советник за дигитални комуникации и поранешен директор на МОФ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 41 годишна возраст, вчера во Скопје почина Илија Жупаноски, општествен активист за демократија и владин советник за дигитални комуникации.

<

Илија беше татко на две ќерки, сопруг, син и општествено активен професионалец на домашен и меѓународен план.
Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска.

Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во програмата Економско образование за млади (Junior Achievement), a од крајот на 90тите учествува во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ). Беше извршен директор на МОФ од 2007 до 2010 година.

Жупаноски имаше суштински ангажман во демократизацијата на дигиталните комуникации на Владата на Северна Македонија од 2017 година наваму. Беше еден од основачите на концептот за дигитална отчетност и транспарентност кој придонесе македонската Влада од 2017 година да биде прва во регионот по проактивна транспарентност и отчетност.

Беше советник за дигитални комуникации на премиерите Заев, Спасовски и Ковачевски.

Активен борец против дезинформациите и против хибридните и сајбер напади врз демократиите, со огромно домашно, регионално и меѓународно искуство.

Жупаноски беше член и на управниот одбор на European Digital Diplomacy Exchange (EDDE), меѓународна мрежа на владини комуникатори чија цел е зголемување на колективните капацитети за поефикасна заштита на демократиите во рамките на дигиталниот информациски простор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...

Лишен од слобода скопјанец: Фрлал со камења по хеликоптерот додека полнел вода !!!

Лишен од слобода скопјанец, ја загрозил безбедноста на полицискот хеликоптер додека полнел вода за гасење на пожари низ државата На 12.08.2025 во 18:55 часот...

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...