16.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 16, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорката на ГАК со апел: Под итно ни требаат доктори и медицински...

Директорката на ГАК со апел: Под итно ни требаат доктори и медицински сестри, си заминуваат, се работи 24 часа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денот на предвреме родените бебиња, директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, апелираше под итно да се одобрат вработувања посебно за одделот за предвреме родните.
Работиме со многу мал број вработени. Нас под итно ни требаат доктори и медицински сестри кои што секојдневно го напуштаат одделението затоа што се соочуваат со огромен предизвик меѓутоа и многу тешка задача. Тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка. Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат“, рече директорката Јовановска.

<

Додека министерот Меџити спокојно седеше до неа, директорката Јовановска апелираше не само до него туку и до сите останати надлежни што е можно побргу да се одобрат вработувања за да можат побрзо и да се реализираат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...