26.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаНови зимски јакни, чизмички за ладната зима, храна за повеќе од еден...

Нови зимски јакни, чизмички за ладната зима, храна за повеќе од еден месец, и тоа се благодарение на Далибор Ѓорѓевски од Тетово за малечката Кети, и нејзиното семејство !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли. Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели Кети.
Овие тешки зборови на Кети допреа до секој Македонец, па од ден на ден растеше се повеќе и повеќе желбата за помош на ова семејство, и покрај што патот до нивното село е тешко прооден, но тоа не беше пречка за граѓаните да однесат храна, пари, и облека за малечката Кети и нејзиното семејство…

<

Скромниот дом е високо на еден селски кратовски рид, со часови оддалечен од градот, а до него нема ниту автобуски превоз. Од таа причина не работи ниту Блаѓе, таткото на Кети. Но после емисијата СРЦЕ НА ДЛАНКА и објавена истата на Шило Магазин се сменаа многу работи за ова семејство.

Братот на Кате доби понуда да работи во Германија или да си остане во Македонија за плата од 40.000 денари, Аце од Штип веќе започна хуманитарна акција да се реновира и куќата на малечката Кети.

Оваа тешка приказна допре и до тетовчанецот Далибор Ѓорѓевски вработен во рафинеријата ОКТА. Далибор денес со своето возило го посети семејството Николовски, и покрај што едвај успеа да стигне до нивното село поради условите на патот и врнливото време, но тоа не беше пречка да однесе нови чизмички, патики, зимски јакни, и храна за повеќе од еден месец за Кети и нејзиното семејство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...