20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаБил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил дека тој станал средство за дезинформации и „луди идеи“.

<

Според него, тој признава дека така размислувале луѓето кои ја започнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој. Основачот на Мајкрософт очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни. Како што рече, очекувал да се отвори сократска дебата на Интернет. Сепак, тој смета дека се случило спротивното од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“.

– Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигитални алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс.

Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите. Тој го поддржува регулирањето на вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против вештачката интелигенција, за која вели дека може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат, пренесува Бизнис инсајдер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...