26.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаАЛБАНИЈА УТРЕ ЌЕ Ѝ ВРАТИ НА МАКЕДОНИЈА 21 ИКОНА УКРАДЕНИ ОД ЦРКВИТЕ...

АЛБАНИЈА УТРЕ ЌЕ Ѝ ВРАТИ НА МАКЕДОНИЈА 21 ИКОНА УКРАДЕНИ ОД ЦРКВИТЕ ВО СТРУШКО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утре (15 декември) во Македонија од Албанија се враќаат 21 украдена икона од македонските цркви, кажа синоќа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во две ТВ-интервјуа. Иконите ќе бидат донесени во Музејот на Македонија, каде работи стручниот тим кој работеше на нивно препознавање, а потоа ќе ѝ бидат вратени на МПЦ.

<

Станува збор за икони украдени од црквите во Струшко, а кои, како што лани кажа историчарот на уметност д-р Сашо Цветковски од МАНУ, македонските експерти вo 2013 случајно преку медиумите во Албанија во ТВ-прилог за Еди Рама мзабележаа дека таму се украдените икони од земјава.

ОД СЛУЧАЕН ТВ-ПРИЛОГ ВО АЛБАНИЈА ВИДОВМЕ ДЕКА КАЈ НИВ СЕ УКРАДЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ИКОНИ, ВЕЛИ САШО ЦВЕТКОВСКИ ОД МАНУ
„Во еден период од 2008 до 2013 имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Ние насетувавме, но не бевме сигурни дека патот ќе нѐ води кон Албанија. Во 2013 откако ги добивме првите информаци, тие беа сосема случајно на медиумите од национална телевизија на Албанија, каде што тогашниот премиер Еди Рама направи увид да се види кои се материјалите кои се запленети. Веќе следниот ден се организираше целата постапка, за во декември 2013 , мала екипа на професионалци, меѓу кои јас, колеги од МВР, отидовме во Тирана во Галерија на современа уметност, каде што беа депонирани, и нашиот прв впечаток беше фрапантен. Таму имаше илјадници предмети украдени од различни места од различни предели на Албанија, Грција, Македонија“, рече Цветковски лани во ноември.

Министерката синоќа кажа дека примопредавањето во Тирана ќе го извршат со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, и оти ова е прва успешна реституција на културни добра реализирана во историјата на нашата држава. Реституцијата следи откако заврши двегодишната процедура за тоа да биде законски направено. Во процесот биле вклучени повеќе институции како: Министерствата за внатрешни и за надворешни работи, Царинската управа, Министерството за култура.

„Стручниот тим е веќе во Тирана, тие ќе бидат соодветно спакувани во одредени кутии, за да не се оштетуваат при превозот. Тоа е сѐ договорено и со МВР, за да ги донесеме побрзо, не како секојдневно патување. Утре стручниот тим ќе ги отвори кутиите и тие треба да поминат меѓу 30 до 45 дена, да бидат затворени за да не се оштетат заради промена на атмосферски притисок, по што ќе може да бидат изложени“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Б. НЕСТОРОСКА
СдкМк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...