25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанец си отворил бизнис: На пензионерите им наплаќал по 100 денари да...

Скопјанец си отворил бизнис: На пензионерите им наплаќал по 100 денари да им го потполни барањето за лична карта !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден скопјанец најде начин како да ја искористи ситуацијата со вонредното вадење нови лични документи поради промената на државното име, па според тоа што го гледаме на терен, очигледно добро му тргна „бизнисот“.
Тој си поставил пластично столче пред пунктот на МВР за фотографирање кај полициската станица „Пролет“, каде што постојано чекаат редици граѓани да се фотографираат, па на пензионерите им наплаќа за пополнување на документите/барањата за фотографирање.

<

За еден документ тој наплаќа 100 денари.

„Добро е тоа што таму е дечкото, бидејќи баш денеска ги заборавив очилата и не можев да го пополнам барањето. Тој ми помогна и ми го даде готово. Брзо го направи тоа, не поминаа ни 5 минути. Му ја дадов личната карта, му кажав какви документи ми се потребни и работата беше веднаш готова. Само 100 денари ми бараше, не е многу“, раскажува една пензионерка која ја затекнавме пред пунктот на МВР.

Но, не сите се согласуваат со неа.

Еден пензионер се побуни дека цената е превисока со оглед на тоа што човекот тера бизнис на диво.

„Стојам тука веќе час и половина, а човекот веќе заработи над 1.000 денари од пензионерите. Тоа е искористување на луѓето. Ние сме пензионери, не сме богати. Немаме пари за да ги трошиме на такви работи. Ако сака да ни помогне, тогаш нека ни помогне. Или барем нека ја намали цената. Ете, нека наплаќа 20 или 30 денари, ама 100 денари е навистина премногу за нешто што е всушност бесплатно“, вели тој.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...